Home » , » Мавси бараат повеќе одбрана од Мејо

Мавси бараат повеќе одбрана од Мејо

Written By Unknown on 22.10.12 | 13:00

Со најавеното отсуство на Дирк Новицки во наредните 6 недели, Далас Маверикс ќе се потпрат повеќе на О.Џ. Мејо како главен реализатор во офанзивната игра. Тој ќе треба да погодоува повеќе и да биде поефикасен за да ги оддржува Мавси успешни на тоа поле од играта.

Меѓутоа офанзивата не е се што се очекува од екс-играчот на Гризлис. Тренерот Рик Карлајл изјави дека очекува многу од О.Џ. Мејо во дефанзивната улога и Мејо со својата изјава покажа дека ја примил пораката од Карлајл.

“Јас ќе морам да напредувам. Вие може да вперите прст во било која индивидуа, но ако забележите добар тим да поентира по добра дефанзива, тоа се пет момци кои заедно тргаат во напад, секој од нив извршувајќи си ја својата задача. А јас се сметам поднеднакво добар колку што е и мојот тим.“ - изјави О.Џ. Мејо.

Мејо говори добро, но сето тоа ќе треба да го покаже на теренот. Иако ги има сите предиспозиции за добар дефанзивец (атлетизам, големина на тело, должина на раце), сепак тој го нема тоа докажано на теренот. Неговите дефанзивни статистики го направија да биде ранкиран на дури 370-то место во НБА лигата во статистиката поени дозволени во игра.

Рик Карлајл знае дека секој тим кој сака да биде конкурентен,мора да има одбрана на високо ниво. Во сезоната 2010/11, кога Далас ја освоија титулата, покрај офанзивата предводена од Дирк, дефанзивцити на Мавси беа прогласени за 8-ми во лигата, задавајќи им вистински главоболки за противничките тренери. Меѓутоа работите се сменети од тогаш. Тогаш дефанзивата се градеше на Тајсон Чендлер во рекетот, Шон Мерион во и надвор од линијата за три поени и Џејсон Кид поставувајќи го периметарот. Оваа сезона само Мерион е во тимот и Мејо ќе треба да помогне во дефанзивата, а паралелно и да го поддржува “јатото“ во нападот.

Како и да е, од Мејо зависи. Во периодот што претстои, доколку покаже добра игра и се претстави како покомплетен играч, тој би можел да импресионира. Доколку не ја даде играта што тренерот Карлајл ја бара, тој би можел да се најде себеси на клупата во финишот на натпреварот бидејќи нема да биде многу од корист во запирањето на противничките напади кога на тимот на Далас највеќе му е потребно.

0 comments:

Post a Comment