Home » , » Коби го притиска Хауард да биде покомплетен во офанзивната игра

Коби го притиска Хауард да биде покомплетен во офанзивната игра

Written By Anonymous on 24.10.12 | 17:48


Иако меѓу повеќето владее мислењето дека освен забивање, Хауард не е умешен во офанзивната реализација на друг начин, сите што ја следеле неговата игра во текот на целиот натпревар добро знаат дека тоа не е точно. 

Всушност во последните три сезони, Хауард изведуваше хорох шутеви, скок-шутеви, хорок во движење, шутеви и игра надвор од рекетот и многу други офанзивни игри кои го прават покомплетен офанзивен играч.

Но за Коби, тоа не е доволно.

Во последниот натпревар, а воедно и првиот меч на Хауард во дресот на Лејкерси, аналитичарите го забележаа односот меѓу Двајт и Коби. Беше лесно да се забележи дека Коби едноставно му се тргна од патот на Двајт се со цел, како што Коби тврди, “да го мотивира Хауард да одигра повеќе од познатата pick-and-roll офанзива“. Така играчите ќе го видат Двајт како доминантна сила во лигата.

Хауард како сидро во офанзивата, ќе отвори многу можности за Брајант, Гасол, Мета. А Стив Неш ке го има најдобриот pick-and-roll партнер кој би можел да го посака, знаејќи дека реализираше успешни напади со оваа игра со Амаре Стадемаер во Феникс Санс.

Секако дека Коби сака да го доведе потенцијаот на Хауард на максимално ниво бидејќи едноставно тоа е Коби Брајант ... не постои “доволно добро“ во неговиот речник. Тоа е лекцијата што Коби сака да ја предаде како предводник кон титулата.

Без оглед на тоа колку е тешко или колку далеку сметате дека е доволно да напредувате, секогаш постои уште еден чекор. Останува на играчите на Лејкерс да ја научат оваа лекција.

0 comments:

Post a Comment