Home » , » Никси ги решаваат Нетси во продолжението, Клиперс со победа над Лејкерс

Никси ги решаваат Нетси во продолжението, Клиперс со победа над Лејкерс

Written By Unknown on 25.10.12 | 13:20

Синоќа на програмата се одиграа 7 интересни претсезонски натпревар, но сите светла беа вперени кон градските дербија помеѓу Никс и Нетс во Њу Јорк и Клиперс и Лејкерс во Лос Анџелес.

Поинтересен од овие 2 натпревара беше градското дерби во Њу Јорк, каде што се сретнаа Бруклин Нетс и Њу Јорк Никс. Овој натпревар заврши по 53 минути игра вклучувајќи го продолжението, а 97-95 во полза на Никс беше конечниот резултат.
Кармело Ентони и Рејмонд Фелтон завршија со по 15 поени, но Мело имаше 9 скока, а Фелтон 5 асистенции. Крис Коупленд заврши со 16 поени од клупата, а солиден меч со 12 поени одигра Рони Бруер.
Kaj "мрежичките" од Бруклин најефикасен беше Дерон Вилијамс со 22 поени, но сепак никој друг стартер немаше над 8 поени. МарШон Брукс заврши со 11 поени и 6 скока, Андреј Блеч имаше 6 поени и 10 скока, а дебитантот Тејшон Тејлор заврши со 10 поени.

Не толку интересен беше и натпреварот помеѓу Клиперс и Лејкерс во Стејплс центарот, кој заврши во полза на Клиперс со конечен резултат од 97-91. Ова е седми последователен претсезонски пораз за Лејкерс, со што ги прави најслабата претсезонска екипа, со ниту една победа.

Во отсуство на Крис Пол како стартер на плејмејкерската позиција, Ерик Бледсоу одигра супериорен натпревар. Тој постигна 22 поени, додели 11 асистенции, украде неверојатни 9 топки и заврши со 5 скока, што значи дека само една украдена топка го дели од трипл - дабл учинок. Блејк Грифин заврши со 15 поени, 6 скока и 5 асистенции, Мет Барнс и Рајан Холинс беа солидни додатоци од клупата со по 18, односно 11 поени.
Во отсуство на Коби Брајант и Двајт Хауард, солиден натпревар за Лејкерс одигра Пау Гасол, постигнувајќи 17 поени и 8 скока. Младиот центар Роберт Сакре имаше 13 поени и 7 скока, а ист број на поени имаше и Мета Ворлд Пис.


На останатите натпревари:

Орландо 100-115 Мемфис
Хјустон 97-90 Њу Орлеанс
Далас 76-88 Оклахома Сити
Детроит 76-95 Минесота
Вашингтон 101-94 Мајами

Погледнете ги и најдобрите 5 потези од синоќа:

0 comments:

Post a Comment