Home » , » Џејмс Харден пратен во Рокетс, Кевин Мартин во Тандер

Џејмс Харден пратен во Рокетс, Кевин Мартин во Тандер

Written By Unknown on 28.10.12 | 10:51

Откако не успеаја да најдат заеднички јазик на темата за продолжување на договорот, Оклахома Сити Тандер го трејдуваат Џејмс во Хјустон Рокетс, со што значително ја нарушуваат младоста на шампионот во западната конференција.

Оклахома во замена ги добива Кевин Мартин, Џереми Лемб, 2 пика од првата рунда и уште еден пик од втората рунда наредниот драфт. Оклахома покрај Харден, во Тексас ги праќа Кол Алдрич, Декван Кук и Лазар Хејвард. 

“Сакавме да го продолжиме договорот со Харден, но на крајот на денот сепак се случи ова и ова е потегот кој ќе ги задоволи сите.“ - изјави ГМ на Оклахома Сити, Сем Прести.

Оклахома претходно ги продолжи договорите со Кевин Дурент, Серж Ибака и Расел Вестбрук, а иднината на Харден во Оклахома висеше на конец и мали беа шансите за тој да остане тука. 

Како и да е, Оклахома во замена добива солиден играч во Кевин Мартин, кој бележи по 18.4 поени во 8 НБА сезони, а да не го заборавиме и младиот дебитант Џереми Лемб, кој го водеше овој тим на Рокетс во поени на летната лига во Лас Вегас.

0 comments:

Post a Comment