Home » , » Хауард смета дека тој требал да биде избран за дефанзивец на годината пред Чендлер

Хауард смета дека тој требал да биде избран за дефанзивец на годината пред Чендлер

Written By Unknown on 29.10.12 | 19:48

После импресивната сезона со Далас Маверикс, во која и тоа како помогна во освојувањето на НБА титулата, Чендлер се одлучи да премине во Никси. Никси го доведоа со цел да ја подобрат очајната одбрана и тој го стори токму тоа и ги доведе Никси на 5-тото место на листата на најдобри одбрани во НБА лигата. Награда за сето тоа беше индивидуалното признание за најдобар дефанзивен играч во лигата минатата сезона.

Според мислењата на некои наградата е сосема заслужена, додека пак други не се согласуваат со тоа. Во изборот за најдобар тим во лигата на центарската позиција убедливо беше избран Двајт Хауард, додека пак Чендлер беше во вториот тим. ГМ на НБА тимовите со 60% го избраа Хауард за најдобар дефанзивен играч во лигата, во анкетата која беше објавена минатата недела, додека пак 2/3 од истите сметаат дека тој и истотака и најдобриот дефанзивен играч под обрачот, т.е. во поле.

Исто така многумина сметаат дека Ибака би бил подобар избор од Чендлер, со оглед на тоа дека Ибака беше подобар од Чендлер во секоја категорија: скокови, блокови, ефикасност во одбрана и го предводеше тимот на Оклахома до финалето против Мајами. Додека против Хауард може да се искористи фактот дека го пропушти крајниот дел од сезоната, против Ибака нема никаков аргумент зошто тој да не биде избран за најдобар дефанзивец.

Двајт Хауард пак, кој го освои претходините 3 награди за дефанзивец на годината - пред Тајсон Чендлер да му ја одземе наградата минатата сезона, мисли дека неговата одбрана била многу подобра од тоа што сите мислат и дека заслужил повеќе од 3та позиција на гласањето за дефанзивец на годината лани.

“Мислам дека требаше да ја освојам таа наградата минатата година, да бидам искрен со вас. Бев малку изненаден од крајниот епилог.“ - Хауард им кажал на репортерите по тренингот со Лејкерс.

“Мислам дека јас ја завршив мојата работа во тимот и ја заслужив наградата. Исто така, мислам дека и целата ситуација околу која бев опкружен си ја направи својата работа и ме запре да не ја освојам наградата за најдобар дефанзивец по 4ти пат во мојата кариера.“ - додаде Хауард.

0 comments:

Post a Comment