
Вејд и Коби се едни од најдобрите играчи во светот и помеѓу нив постои разумна разлика за мислењето кој е подобар.
Минатата сезона не беше најдобрата сезона на Вејд, но како професионалец тој сеуште беше одличен. Тој играше по 36 минути просечно од натпревар, забележа повеќе асистенции од неговите минати сезони и помалку загубени топки.
Иако мината сезона не постигнуваше онолку поени колку што постигнува просечно, Вејд му даде повеќе слобода на Леброн Џејмс, во смисла на постигнување на поените. Вејд разбра, како и другите во тимот дека на Хит повеќе ќе им треба Леброн за да успеат во зацртаните цели.
Вејд минатата сезона имаше и проблеми со повреди. Тој пропушти 17 натпревари од сезоната поради повреди на зглобот, стапало, и проблеми со коленото. Вејд мораше да го оперира коленото по сезоната. Тој е во пат на опоравување од операцијата.
За Двејн Вејд, повеќето мислат дека тој ќе докаже во нареднава сезона дека не е точно тоа како го сметаат генералните менаџери на НБА, односно дека е грешно тоа што тие велат дека тој оваа сезона нема да биде во онаа форма во која што сме навикнати да го гледаме
0 comments:
Post a Comment