Home » , » ГМ во НБА со нов став: Дурeнт е поклучен играч од Коби

ГМ во НБА со нов став: Дурeнт е поклучен играч од Коби

Written By Unknown on 24.10.12 | 19:50

Останати се 15 секунди за игра, твојот тим губи со 1 разлика, а ти можеш да го избереш било кој играч во НБА да го изведе последниот шут. Кого би одбрал ?

Со години наназад, посакуваниот играч беше Коби Брајант. Но дојде време кога гласањето изгледа малце поинаку :

1. Кевин Дурант, Оклахома Сити - 46.7 %
2. Коби Брајант, Л.А. Лејкерс - 40.0 %
3. Кармело Ентони, Њујорк Никс - 6.7 %

Генералните Менаџери се во право.

Минатата година, во последните три минути од натпреварот кога неговиот тим водел или губел со три поени, Коби Брајант шутирал со 32.8 % успешност од поле и со 33 % за три поени. Овие статистики се извадени од архивата на НБА.

Дурант шутирал со зачудувачки 43.3 % од поле и нешто послабо за три поени, односно 30.4 %. Додека пак од линијата за слободни во последните три минути и двајцата биле доста активни (25 обиди имал Коби, 22 обиди Дурант), со тоа што и двајцата имале многу висок процент на реализација.

Сакате да зборуваме навистина само за последниот шут ?
 Последни 10 секунди, твојот тим губи за три или помалку поени, или е изедначено. Кевин Дурант шутирал 5 од 12 (41.7 %), а Коби Брајант само 2 од 10 (20 %). Да не се зачудивте ?

Ако ги прошириме статистиките, за интервал од последни пет минути од натпреварот кога тимот води или губи со 5 поени разлика, бројките на Дурант и Коби се многу блиску. Но како што интервалот се намалува, бројките на Дурант се постабилни.

Дел од ова е и фактот што сите на планетава со малку мозок во главата, освен вистинските Очајни Домаќинки од Њу Џерси - знаат дека Коби ќе го изведе последниот шут со цела одбрана свртена кон него. За Дурант треба да се констатира истото, само што тој покрај себе ги има Џејмс Харден и Расел Вестбрук, кои се сами по себе закана за противничкиот тим и одбраната сепак не го оптоварува него целосно. Оваа година во Лос Анџелес треба да биде поинтересно ако Стив Неш добие простор за игра со неговиот опасен шут. (Двајт Хауард можеби нема ни да биде во игра во клучните моменти поради неговото познато лошо изведување на слободни фрлања.)

Џон Шуман од „NBA.com“ прв ја објави споредбата меѓу Дурант и Коби во оваа категорија во својата статија во која ја додаде и оваа белешка:

“Ако судиме по реалните шут од поле проценти, најклучните играчи во последните три години (со минимум 100 обиди од игра) се: Чонси Билапс, Џејсон Тери, Стив Неш, Ману Џинобили и... спремете се за ова... Леброн Џејмс.“

Но, запрашајте ги Генералните Менаџери во Лигата и нивниот одговор ќе биде: Кевин Дурант моментално е  "господин клучен", односно "Mr. Clutch".

0 comments:

Post a Comment