Home » , » Познатите НБА ѕвезди за Дражен Петрович

Познатите НБА ѕвезди за Дражен Петрович

Written By Anonymous on 22.10.12 | 21:38

Еве што викаат познатите НБА ѕвезди и соиграчи за Дражен Петрович :

Мајкл Џордан :“Уживав играјќи против Дражен. Голем играч. Не се плашеше, до крајот беше концентриран. Борбен и самоуверен. Кога и да се сретневме играше снажно против мене, како и јас против него. Поинаку против Дражен не можевте. Нашиот двобој секогаш беше макасимален. Имавме неколку сјајни двобои, нажалост, тие беа кратки. За кратко време остави длабока трага. Без страв влезе во НБА лигата и им покажа на останатите Европјани дека можат да успеат.“

Реџи Милер :“Да се пофалам. Се сметам за еден од најдобрите тројкаши на сите времиња, но сепак постои еден подобар. Станува збор за Дражен Петрович.“ 

Шекил О’Нил :“Да, на Дражен многу добро се сеќавам. Искрено тој е еден од најдобрите шутери во историјата на кошарката. Се сеќавам кога играв за Орландо, а тој за Њу Џерси. Беше незапирлив, не можевме да го спречиме. Беше шутер кој ретко се гледа. Штета што веќе не е меѓу нас. Ухх Дражен беше еден од најдобрите...“


Лери Брд :“Дражен е тип на играч кој го сакам ! Играв против него во многу дуели, беше фантастичен шутер и одлично ги користеше блоковите на соиграчите. Знаете, сум запознал многу луѓе, кој ми биле блиски и сите ми викаа дека тој е најдобар на светот. Кога зборувам за Дражен, се сеќавам на финалето од Барселона во 1992 кога Хрватска имаше навистина добар тим, но факт е дека ние го имавме најјакиот тим. Не можев тогаш да дадам полн допринес затоа што грбот страшно ме болеше.“

ЛеБрон Џејмс :“Кога Дражен играше сеуште бев дете, но стварно сакав да го гледам. Беше невиден шутер, играч каков што до тогаш не беше виден во НБА лигата. Кога на Хјустон му даде 44 поени бев восхитен. Се сеќавам дека знаеше да воудушеви и со своите асистенции, а тоа е доказ дека ја разбираше играта. Беше нешто ново, ние денес можеме да видиме дека играчите од Европа имаат и важни улоги во НБА тимовите, но Дражен на сите нив им ја отвори вратата. И тоа треба да се цени. Нетси му го повлекоја бројот, што и докажува тој колку е ценет.“


Гери Пејтон :“Ух, Дражен Петрович ! Кој играч беше тоа. Најдобриот Европјанин во НБА, дефинитивно. Знам колку тоа момче напорно работеше за им го отвори патот на Европјаните и странците кој стигнаа после него. НБА без странците никогаш не би била тоа што е сега.“

Коби Брајант :“Дражен ? Ухх, за него многу слушав од татко ми, неверојатен шутер, слушнав дека бил голем борец. Штета што отиде...“

Клајд Дрекслер :“Прекрасен човек, еден од најдрагите млади играчи кој сум ги запознал. Живееше за кошарка, неверојатен борец. Немаше подобар кошаркар надвор од Америка. Барем јас не видов. Навистина го сакав. Дражен беше навистина голем кошаркар.“


Тим Данкан :“Најдобар европски кошаркар во НБА ? Дражен Петрович ! Тој беше чудо. Немојте да мислите дека ви реков надвор од Хрватска. Навистина мислам дека знам како им беше на европските кошаркари да даваат 22 поени секоја вечер пред десет години. Денес кога тренерите ви се уверуваат поинаква е ситуацијата. Тоа е огромна разлика.“

Бил Расел :“Одличен беше овој дечко кој погина во сообраќајна несреќа. Дражен ми се допаѓаше како играч, тој беше еден од оние кој можат рамноправно да играат во лигата.“

Чарлс Баркли :“Петро беше голем играч. Кога ја чув веста како страдаше играв финале против Булси со Санси, и сите се осеќавме како да ни почина некој од семејството.“

Дени Ејнџ :“Сакаше да стане Ол Стар и да се врати дома и д аја заврши кариерата. Навистина сакаше да се докаже и да покаже дека може да успее во НБА лигата.“

Крис Дадли :“Најнапорно работеше на својата игра, од сите што ги знам. По што завршуваа шутерските тренинзи тој одеше во теретана за повторно да дига тегови и да вози велосипед. По тоа повторно шутираше, а некогаш тренерите му велеја дека е доста тренирање за тој ден.“

Џејсон Кид :“Дражен во Њу Џерси секогаш беше споменуван со голем почит. Дојдов во лигата во 1994 година, а тој почина една година пред да дојдам, така да никогаш не го видов во живо и ми е жал поради тоа.“

Стив Неш :“Дражен го гледав често на ТВ кога студирав во Санта Клара и во него го препознав најдобриот бел играч на сите времиња. Ухх, каков одличен стрелец беше, брз шутер, цврст и борбен. Сепкај тој со своите игри како бек, што е потешко, им докажа на Американците дека и играчите од Европа знаат да играат. Многу му сме благодарни за тоа.“

Доминик Вилкинс :“Дражен имаше се за да биде најдобар и тоа го задржа во НБА лигата. Иако беше странец, играше како да е наш. Тој беше првиот европски играч кој покажа дека играчите од Европа можат да играат добро, беше рамноправен меѓу сите нас. Изигра само 4 сезони во НБА лигата, но на сите им докажа каков играч е. Беше незгоден за чување.“

Дикембе Мутомбо :“Петрович беше еден од најдобрите бекови против кој сум играл. Дојде како европска ѕвезда и успеа. Одличен шутер, често не можевме да го запреме и морам да признам дека многу ми недостасува. Им ја отвори вратата на европските кошарката кој денес се овде, поготво на оние од бивша Југославија.“

Чак Дејли :“Дражен беше роден победник. Сигурен сум дека по таа сезона, следните неколку би бил Ол Стар. За него се интересираа 5-6 големи клубови. Дражен беше голем играч, но  и човек. Почина на врвот на својата кариера, а тогаш требаше да ги одигра најдобрите натпревари. Каков само шутер-убиец беше тој, ладнокрвен кошаркарски убиец, а сакаше и да ја преземе топката на одлука и да реши натпревар. Тоа го можат само најголемите, а нив им е местото во куќата на славните.“

Тони Кукоч :“Сите знаат дека Дражен беше играчиште, кошаркар кој се раѓа еднаш во 100 години. Голем човек, пријател кој не беше себичен. Тој за нас беше ѕвезда.“

Дино Раџа :“Слушав многу пати за тоа кој е најдобар играч во Хрватска. Во главно се слушаа три имиња : Крешо Чошич, Дражен Петрович и Тони Кукоч. За мене двоби нема : Дражен е број еден ! Никој во хрватската кошарка не беше победник како него. Тој за мене е и најдобар европски кошаркар на сите времиња.“

Дејвид Штерн :“Дражен беше инзвондреден младич и вистински пионир на кошарката на светското движење. Беше ѕвезда во европската кошарка, во НБА, на Олимпијадата. Покажа дека е кошарката е глобален спорт и преку своите вештити и карактер беше јунак на сите во светот.“




0 comments:

Post a Comment