Home » , » Ален :“Не ме осудувајте мене, туку челниците на Бостон“

Ален :“Не ме осудувајте мене, туку челниците на Бостон“

Written By Anonymous on 23.10.12 | 12:01


Долгогодишниот бек на Селтикси, Реј Ален со заминувањето во Мајами налути многу навивачи на Селтикси, но и Кевин Гарнет, кој истакна дека го избришал бројот на Реј од именикот.

Сјајниот бек-шутер и тројкаш, конечно појасни што го натера да потише договор со тимот од Флорида.

“За жал моето заминување предизвика толку негативност. Навивачите на Селтикси знаат дека направив се за тимот. На секој начин се обидував да бидам корисен и да ја поддржам локлната заедница. Преминувањето во Мајами е бизнис. Челниците на Бостон ме ставија во позиција каде што морам да си заминам. Така да навивачите треба да ги осудуваат челниците, не мене.“

Во одлуката да потише договор со шампионите, Ален имаше поддршка од најблиските.

“Кога требаше да ја решам ситуацијата, сите блиски луѓе околу мене се сложија и рекоја :“Тимот не се погрижи за тебе, немој да го обновуваш договорот. Не сакаат да ми понудат пристоен договор и јас потпишав на друго место.“

0 comments:

Post a Comment