Home » , » Винс Картер сака да биде новиот Џејсон Тери за Далас

Винс Картер сака да биде новиот Џејсон Тери за Далас

Written By Anonymous on 22.10.12 | 17:59


Винс Картер, Шестиот играч на годината ?

Не, не гледам зошто.

Но, еден од главните играчи на Далас последниве години, дел од шампионскиот тим, Џејсон Тери влегуваше од клупа и ја менуваше динамиката на играта. Даваше поени, асистираше, шутираше тројки.

Винс Картер сака да биде тој човек за Далас оваа година.

“Сакам да бидам тоа. Ќе влегувам и ќе му помагам на тимот. Ми оди добро, само да продолжам вака, во вакво темпо и се ќе биде добро. Кога вториот тим влегува на паркетот, ќе се потрудам да давам се од себе, за да му помогнам на тимот.“

Винс Картер сеуште игра добро, на ниво, подобро отколку што мислат луѓето. Можеби беше еднаш одличен играч, но сето тоа се распадна со заминувањето од Торонто.

Поентата е, тој не е Џејсон Тери. Картер шутираше само 41.1 % од поле минатите години, и асистираше на 15 % од своите соиграчи. Тери имаше подобри бројки од Картер.

Тери ја менува играта. Тој ќе го прави во Бостон. Картер... па има шанса. Но, нешто што вели тој е точно, тој ке го води тимот заедно со Мејо на почетокот на сезоната додека Дирк се опоравува од повредата.


0 comments:

Post a Comment