Home » , » Ѕвездата на Никс - Стадемаер ќе паузира 2-3 недели поради повреда на коленото

Ѕвездата на Никс - Стадемаер ќе паузира 2-3 недели поради повреда на коленото

Written By Anonymous on 22.10.12 | 16:40


Крилниот центар на Никс, Амаре Стадемаер се очекува да го пропушти стартот на регуларната сезона и да биде надвор од тимот во наредните две до три недели поради повреда на левото колено.

Стадемаер настапи само на еден натпревар од претсезоната, пропуштајќи ги првите два поради болки во претходно споменатото колено. Тој постигна 18 поени во петокот против Торонто за 27 минути поминати на теренот, одседувајќи ја следната битка против Бостон во саботата. Никс. неделниот тренинг го одржаа во Сиракјуз, каде што ќе се сретнат со Филаделфија денес.

Њу Јорк Никс ќе ја започнат својата сезона на први Ноември против Бруклин Нетс.

“Тешко е, се надевам дека наскоро ќе закрепне.“ - изјави бекот на Нетси, Дерон Вилијамс, кој се познава со Стадемаер дури од средношколските денови. “Тој имаше доста потешкотии со повредите, но тоа не го отргна од позитивниот став во врска со Никси, тие сеуште се многу добар тим.“

Стадемаер беше ограничен на само 47 натпревари мината сезона, на кои просечно постигнуваше само по 17.5 поени, неговиот најлош просек после неговата руки сезона во 2002-03. Тој пропушти 15 натпревари поради повреди, но ниедна повреда не беше на неговите колена.

Сепак, се што е поврзано со колената е силна причина за загриженост кај Стадемаер, кој претрпе микроскопска операција на левото колено во 2005тата година и артроскопска операција на десното колено наредната пролет. Феникс Санс одбија да му понудат максимален долгорочен договор во 2010 кога тој стануваше слободен агент, годината кога Никси го донесоа во Њу Јорк несигурни дека тој ќе може да го оправда својот договор.

Никс би можеле да стартуваат со 40-годишниот Курт Томас на местото на Стадемаер или да го играат Кармело Ентони како потпросечна 4ка, што им вроди со плод кон крајот на минатата сезона кога Стадемаер испушти 13 натпревари поради проблеми со долниот дел од грбот.

0 comments:

Post a Comment