Home » , » Родман, Пипен и Дрекслер во Бугарија ?

Родман, Пипен и Дрекслер во Бугарија ?

Written By Anonymous on 19.10.12 | 16:21


Бугарија со сите сили сака да напредува повеќе во кошарката. Поради тоа челниците на Бугарската Кошаркарска Федерација одлучија за Ол-Стар натпреварот кој се игра помеѓу странци и домаќини да викнат некои легенди од НБА лигата.

Поканите заминаа на адреса на Денис Родман, Скоти Пипен, Магзи Боугс, Клајд Дрекслер, Пени Хардавеј и уште неколу играчи. Тие би требало да оформат тим и да играат против најдобрите 12 играчи на Бугарија.

Родман и минатата година учествуваше на ова натпреварување и вети дека ќе се врати. Тоа не е се. Бугарите уште следната сезона сакаат да бидат домаќини на мечот на бившите НБА ѕвезди и Европјаните кој оставиле траг во таа држава.

0 comments:

Post a Comment