Home » , » ЛеБрон Џејмс на радарот на Лејкерс во 2014 година ?

ЛеБрон Џејмс на радарот на Лејкерс во 2014 година ?

Written By Unknown on 19.10.12 | 12:31

Само низа на коинциденции... погледнете:

- ЛеБрон Џејмс станува слободен играч во 2014 година и може да се откаже од продолжување на договорот со Мајами Хит (истото може да се случи со Двејн Вејд и Крис Бош). 

- И додека Лејкерс се спремни за да направат на 2 пати еден сериозен притисок кон титулата, во 2014 година главната ѕвезда на тимот Коби Брајант може да се откаже од играњето кошарка и да оди во пензија, а истото најверојатно ќе се случи и со Стив Неш, само во многу пократко време. Сепак, Лејкерс ќе останат во конкуренција за титулата, бидејќи Двајт Хауард најверојатно ќе го продолжи договорот со нив ова лето. 

Но, многу медиуми не веруваат во коинциденции, туку веруваат дека ЛеБрон Џејмс ќе биде под радарот на ЛА Лејкерс во летото на 2014 година. 

Неколку извори на „ESPN.com“ дознаваат дека Џејмс ќе биде желба на неколку тима кога ќе биде на работ да стане слободен играч, но Лејкерс сепак може да бидат тимот што ќе биде најмногу заинтересиран за негов ангажман.

Сепак, ЛеБрон Џејмс може да освои уште неколку прстена со Мајами Хит во следниве 2-3 години и да одлучи дека не сака да ја растури Големата тројка во Мајами. Тој може да излезе од договорот со Мајами само за да потпише нов, максимален договоро со истата екипа. Џејмс го имаше тоа искуство да поминува низ многу стресно лето како она во 2010 година, кога требаше да одлучи дали ќе остане во Кливленд или ќе потпише со Мајами, па на никого не му се верува дека Џејмс повторно сака да поминува низ тој процес.

2014 година е далеку, но покрај се што се случувало во историјата на една франшиза како што е Лејкерс, не треба да биде шок доколку Лејкерс го извлечат и овој потег.

0 comments:

Post a Comment