Home » , » Двејн Вејд ќе игра вечерва за Мајами

Двејн Вејд ќе игра вечерва за Мајами

Written By Unknown on 19.10.12 | 00:00

Работите изгледа дека му тргнаа од рака на Двејн Вејд. Тој изигра многу добро на претсезонските натпревари во Кина. Тој сепак мораше да ги прескокне Олимписките игри во Лондон поради операција на коленото, но затоа играше минатата пролет и освои прстен со Мајами.

Тој одигра одлично во двете претсезонски натпревари и следниот претсезонски натпревар ќе го игра во четврток. Вејд изјави дека тој ќе даде се од себе, но сепак повредата на коленото сеуште влијае на него.

Мајами нема да брзаат воопшто бидејќи тие се поранешни шампиони. На 30. октомври тие играат против Селтикси. Вејд ќе биде тотално опоравен во Мај, кога ќе им биде најпотребен на Хит.

Но, гледајќи го низ последните два предсезонски натпревара, Вејд изгледаше како да е вратен тотално во форма. Вејд е една од причините зашто Мајами Хит можеби ќе бидат и подобри од лани.

Покрај Мајами - Детроит во 1:30 ноќва, се играат уште 3 претсезонски натпревари:

01:30 Њу Орлеанс - Атланта
02:00 Мемфис - Милвоки
02:00 Бостон - Бруклин

0 comments:

Post a Comment