Home » , » Мајами и Бостон со големи победи над Детроит и Бруклин

Мајами и Бостон со големи победи над Детроит и Бруклин

Written By Unknown on 19.10.12 | 12:07

Мајами и Бостон забележаа навистина високи победи против своите противници --Хит ги победија Пистонс со 105-78, а Бостон славеше во Бруклин со 115-85.

На натпреварот во новата Барклајс арена во Бруклин, Селтикси тотално доминираа. Ражон Рондо, Кортни Ли и Пол Пирс го водеа патот до победата, откако одиграа солидни натпревар. Рондо имаше 14 поени и 9 асистенции, Ли имаше 18 поени и 4 скока, а Пол Пирс одигра 21 минута и постигна 18 поени и 5 скока. Џејсон Тери беше одличен од клупата со 5-те тројки, односно 15 поени. 
Нетси имаа навистина лош ден, откако изнудија 18 изгубени топки, а Дерон Вилијамс имаше дури 6 од нив. Д-Вил покрај 6-те изгубени топки, имаше и 10 поени и 6 асистенции, а Брук Лопез заврши со најефикасна статистика со 14 поени и 7 скока.

Големата Тројка на Мајами се покажа конечно во претсезоната. Бош, ЛеБрон и Вејд комбинираа за 51 поен, 14 асистенции и 13 скока, што се скормни бројки кога ќе се земе просекот од 25 минути одигра во натпреварот. Двејн Вејд сепак беше најефикасен и неговото колено изгледаше навистина одлично и спремно по операцијата ова лето. Д-Вејд заврши со 21 поен и 5 асистеции, а веднаш позади него беа Крис Бош со 17 поени и 6 скока и ЛеБрон Џејмс со 13 поени, 8 асистенции и 4 скока.
Кај Пистонси, кои во глобала одиграа катастрофален натпревар во одбраната, најсветла точка беше Грег Монро со 15 поени, а Брендон Најт имаше 14 поени, 4 асиснтеции и 5 скока.

На останатите натпревари:
Њу Орлеанс 68-97 Атланта
Мемфис 97-94 Милвоки

Погледнете ги и најдобрите 10 потези од синоќа:

0 comments:

Post a Comment