Синоќа се одиграа 6 натпревари, но се чини дека најинтересни за гледање беа натпреварите помеѓу Вориорс и Клиперс и Никс и Сиксерс.
ЛА Клиперс лесно победија на домашен терен со 88-71, иако тоа не беше близок натпревар. Сепак момците од "Lob City" си го направија своето и заинтригираа многу љубители да го гледаат овој натпревар.
ДеАндре Џордан заврши со 18 поени и 12 скока, Блејк Грифин уфрли 14 поени, а притоа имаше и 7 скока и 6 асистенции. Крис Пол беше една асистенција далеку од дабл дабл, откако имаше 11 поени и 9 асистенции на крајот.
Кај "воините" од Оукленд најдобра партија изигра Џерет Џек, кој заврши со 14 поени, 6 скока и 5 асистенции, а Дејвид Ли имаше 12 поени и 9 скока.
На останатите натпревари:
Њу Јорк 90-98 Филаделфија
Њу Орлеанс 74-87 Далас
Сакраменто 88-103 Феникс
Јута 114-120 Портланд
Погледнете ги и најдобрите 5 потези од синоќешните натпревари:
0 comments:
Post a Comment