Home » , , » Џек Тејлор постигнува 138 поени во колеџ натпревар, на Коби (и останатите) не им се верува

Џек Тејлор постигнува 138 поени во колеџ натпревар, на Коби (и останатите) не им се верува

Written By Unknown on 21.11.12 | 19:27

Моментално за ова зборува целиот кошаркарски свет. Џек Тејлор од Гринел универзитетот постигна 138 поени во еден натпревар. 

Тој имаше неверојатна реализација 52-108 од поле и 27-71 од поле. Ова момче моментално е сензација и ги секој што ќе дознае за оваа вест, верувам е шокиран. 

Џек Тејлор беше запрашан од страна на еден новинар после овој натпревар како би изреагирал ако пред овој натпревар некој му кажал дека ќе постигне 138 поени. Еве што одговори Тејлор:

“Човекот што би ми кажал такво нешто би го прогласил за лудак. Влегувајќи во натпреварот, знаев дека ќе шутирам повеќе отколку што треба, бидејќи влегуваме во едно сериозно натпреварување и поради неефикасноста во претходните мечеви, тренерите ми рекоа дека треба да шутирам повеќе.“

Само еден збор: Неверојатно.


Исто како и целата јавност, за оваа неверојатна партија дознаа и НБА ѕвездите, како на пример Коби Брајант. Коби беше известен за ова веднаш после прес-конференцијата од натпреварот на Лејкерс против Нетс, па да видиме како изреагира Коби Брајант. 

Новинар: “Коби, едно дете од колеџ денеска постигна 138 поени во универзитетски натпревар и шутна повеќе од 100 пати.“
Коби: “Уау.... без зафркавање? Каде?“
Новинар:“Гринел Колеџот во Ајова.“
Коби: “Навистина? Тоа е импресивно. Тоа е лудо всушност. Без разлика на какво ниво играте, да постигнете 138 поени во еден натпревар е навистина лудо! Колку тројки шутнал ?“
Новинар: “71.“
Коби: “Holly sh.... Колку поени постигнал неговиот тим?“
Новинар: “179. Никој друг стартер немал над 10 поени.“
Коби: “Тоа е навистина неверојатно.“
Новинар: “Доколку ти би постигнал 138 поени, дали некој би се радувал и славел за тоа ?“
Коби: “Па, знаете како е. Некој би славел, некој не. Но кога ќе го направам тоа, тогаш не ми е грижа за ништо. Сигурен сум дека и Тејлор би се чувствувал така некако. Тогаш имаш лиценца да им кажеш на луѓето да fuck-off.“



0 comments:

Post a Comment