Откако ги повреди лигаментите на коленото во саботата против Чикаго Булс, беше утврдено деновиве дека крилото на Минесота Чејс Бадинџер ќе отсуствува од терените од 3-4 месеци.
Според Андреј Војнаровски од „Yahoo Sports“, Чејс Бадинџер извршил операција на повреденото колено во понеделникот и поради тоа ќе биде оневозможен да игра за Тимберволвс околу 3 или повеќе месеци.
Минесота навистина се под мета на повредите оваа сезона. Кевин Лав и Рики Рубио се надвор од стартот на сезоната, сега се повредија и Никола Пековиќ и Чејс Бадинџер, а малку порано во сезоната се повредија и Брендон Рој и Џ.Џ. Бареа.



Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment