
Тој имал интервју по телефон во саботата со раководството на Лејкерс. Сепак по неговото интервју, тој мислел тоа што го мислеле повеќето фанови – дека Фил Џексон ќе биде старо – новиот тренер на Лејкерс.
“Секако дека не се надевав на оваа позиција“ - изјави ДиАнтони.“Зар не веруваа сите дека Фил ќе се врати? Сепак кога го добив повратниот повик дека сум најмен, мојата реакција беше ’Навистина?!?.“
ДиАнтони го замени Мајк Браун, кој пак беше отпуштен поради лошиот старт (1–4). Тогаш играчите на Лејкерс едноставно разбраа дека сакаат да победуваат, а Браун можеби не е човекот кој може да им го овозможи тоа.
Тимот кој ДиАнтони го доби од Лејкерс се состои од поранешниот колега од Феникс, Стив Неш, Коби Брајант, Двајт Хауард и Пау Гасол, како и многу очекувања и притисок за оваа сезона, што и не е нешто ново за него, знаејќи дека беше тренер на Њу Јорк Никс цели четири сезони.
“Среќен сум што повторно го имам Стив Неш во својот тим.“ - изјави Мајк. “Никогаш не верував дека ќе го имам Неш повторно во мојот тим, да ги води работите онака како што тој ги води. Сега тоа и се случува. Ми се допаѓа овој тим и верувам дека ќе напредуваме.“
Тоа е всушност изјавата која ја очекуваа фановите на Лејкерс и фамилијата Бас. Останува на ДиАнтони да се покаже на дело.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment