Home » , » Рондо почнува тепачка, ја завршува серијата од 37 натпревари со 10+ асистенции

Рондо почнува тепачка, ја завршува серијата од 37 натпревари со 10+ асистенции

Written By Unknown on 29.11.12 | 16:56

И толку беше. Серијата на Рондо од 37 последователни натпревари во кои што имаше 10+ асистенции е завршена. Не затоа што неговите соиграчи неможеја да ги погодат шутевите по асистенција, туку затоа што Рондо неможеше да ги исконтролира своите емоции.

На крајот од првото полувреме од средбата помеѓу Бруклин Нетс и Бостон Селтикс, Крис Хамфрис го фаулираше Кевин Гарнет, а веднаш потоа и го удре по лицето по што Гарнет падна на земја. Рондо беше исфрустриран порази овој потег на Хамфрис (а можеби и поради блокот на Крис над него порано во натпреварот) и неконтролирајќи се себеси почна да го бутка Крис Хамфрис под кошот. И Рондо продолжи да "навлегува" во Хамфрис и да го турка кон публиката, додека сите други играчи пробуваја да ги одвојат. 

И додека Рондо и Хамфрис меѓусебно се пресметуваа и целото внимание беше свртено кон нив, Џералд Волас и Кевин Гарнет навлегоа во уште една вербална пресметка, но подебелиот крај го извлече Џералд Волас, додека Гарнет беше доволно смирен за да избегне нова тепачка. 

Како резултат на сето ова, Ражон Рондо и Крис Хамфрис  беа веднаш исклучени од игра, додека технички грешки заработаа Џералд Волас и Кевин Гарнет, а за Волас тоа беше веќе втора техничка грешка и мораше да го напушти натпреварот. 

И пред сета оваа збрка да се случи, Рондо имаше само 3 асистенции, па поради исклучувањето од натпреварот неговата серија од 37 последователни натпревари со 10+ асистенции е завршена, израмнувајќи го Џон Стоктон, а завршувајќи само на 9 натпревари подалеку од Меџик Џонсон, кој има 45 натпревари со двоцифрен број на асистенции.

0 comments:

Post a Comment