Home » , » Грег Поповиќ зборува за својот “брак” со Данкан

Грег Поповиќ зборува за својот “брак” со Данкан

Written By Unknown on 29.11.12 | 17:04

Уште од времето кога Тим Данкан е драфтуван во Сан Антонио Спарс, тој како тренер го затекнал Грег Поповиќ и потоа низ целата негова кариера Поповиќ и Данкан соработуваат, соработуваат на високо ниво.

Нема потреба да се зборува за успесите што овие двајца ги оствариле заедно во Сан Антонио, бидејќи ги има многу, а и верувам сите сте запознати.

Грег Поповиќ зборуваше за неговата пријателска релација со Тим Данкан, па таа врска е толку блиска што тој ја нарекува еден вид на "брак".

“Ние и не зборуваме толку многу еден со друг, највеќе поради тоа што толку многу време сме во “брак”... едноставно си ги довршуваме речениците еден на друг, ете толку добро се познаваме.”

“Половина од работите кои ќе ги кажам не ги слуша, а за другата половина се преправа дека ги слушнал затоа што сето тоа го има слушано веќе милион пати. И Џинобили се движи на таа насока додека пак Паркер е многу блиску до нив.” - изјави Поповиќ.

0 comments:

Post a Comment