Home » , » Сан Антонио прв пат во историјата стартува со 4-0

Сан Антонио прв пат во историјата стартува со 4-0

Written By Anonymous on 6.11.12 | 11:28


tim-duncan-tony-parker-manu-ginobilli-spurs
Во 40-годишната историја на клубот од Тексас, Сан Антонио 4 пати е шампион. Дури 32 пати играл во плејофот, а 18 пати ја освојувал дивизиската титула.

Но, покрај сево ова овој тим никогаш не стартувал со рекорд од 4-0. До оваа сезона. Со лесната победа на домашен терен против Индијана со резултат 101-79. Спарси ја остварија и 4 победа оваа сезона во исто толку настапи. Искусниот тренер на Спарси, Грег Попович ги ротираше играчите поготово своите најдобри тројца (Паркер, Данкан и Џинобили). Во второто полувреме кога предноста на Сан Антонио беше +10, на паркетот ретко беа заедно.

Главна улога во вчерта имаше ДеЈуан Блер со 14 поени, 11 скока и 4 асистенции, и Гери Нил со своите 17 поени.

Без пораз останаа и Никси кој во само два дена успеаа два пати да слават на тимот од Филаделфија. По успехот и победата во неделата на домашен терен, Никси сега во Фила слават со резултат од 110-88. Њу Јорк има три стартни победи, а ова им се нема повторено од сезоната 1999/00.

Клучна се покажа како 3/4 од натпреварот во кој Никси направија +13 (33-20), и така заминаа на високи 89-68. Иако просечно Њу Јорчаните имаат постар тим, играат перфектно. Џ.Р Смит даде 17 поени, со 7 скока и 5 асистенции. Мело имаше 21 поен и 7 скока, додека пак важна улога одигра и Рашид Валас кој даде 10 поени, сите во 3/4. Рејмонд Фелтон имаше 16 поени и 8 асистенции.

Освен тоа што Спарс и Никси немаат пораз до сега, исто така без пораз се и Орландо и Милвоки кој имаат по две победи.

Мајами си поигра со Феникс, па натпреварот го победи без “одбрана“. Резултатот беше 124-99. Двејн Вејд даде 22 поени, ЛеБрон Џејмс 23 со 11 скока. Бруклин не можеше да го победи и вториот натпревар дома, а за тоа криви беа “Волците“ пред се Кириленко и Пековиќ. Кириленко имаше 16 поени и 10 скока. Резултатот беше 107-96, тимот игра одлично иако ги нема Лав и Рубио.

Изненадување на вечерта е победата на Кливленд кај ЛА Клиперс со 108-101 со повторно одличниот Кајри Ирвинг со 24 поени и 10 асистенции, и рукито Дион Војтрес со 28 поени. Далас игра одлично без Дирк победувајќи го Портланд со 114-91, лидер беше О.Џ Мејо со 32 поени.

Резултати :


Филаделфија Севенти Сиксерс 88-110 Њу Јорк Никс
Бруклин Нетс 96-107 Минесота Тимбервулвс
Мајами Хит 124-99 Феникс Санс
Мемфис Гризлис 103-94 Јута Џез
Далас 114-91 Портланд Траил Блејзерс
Сан Антонио Спарс 101-79 Индијана Пејсерс
Сакраменто Кингс 94-92 Голден Стејт
ЛА Клиперс 101-108 Кливленд Кавалирс




0 comments:

Post a Comment