Home » , » Џејмс Харден и Брендон Џенингс именувани за играчи на неделата

Џејмс Харден и Брендон Џенингс именувани за играчи на неделата

Written By Unknown on 5.11.12 | 21:56

Џејмс Харден од Хјустон Рокетс и Брендон Џенингс од Милвоки Бакс беа именувани за играчи на неделата, за натпреварите одиграни од 30ти Октомври до 4ти Ноември.

Џејмс Харден ги предводеше Хјустон Рокетс до рекорд од 2-1 на стартот на сезоната, а имаше најдобар просек во поени по натпревар (35.3). Само на своето деби за Рокетс, Харден постигна 37 поени, додели 12 асистенции, фати 7 скокови и украде 4 топки, а со оваа статистика им се придружи на Лери Брд, Мајк Џордан и Двејн Вејд во историјата на НБА лигата.  


Брендон Џенингс ги предводеше своите Милвоки Бакс до старт на сезоната од 2-0, прв за Милвоки по оној во сезоната 2005/06. Џенингс ја предводи лигата во асистенции (13.0), има најмногу украдени топки во источната конференција (4.0), додека заврши трет во тимот во поени по натпревар (17.0). 
Во двата натпревара за Милвоки забележа дабл - дабл учинок, додека на 3ти Ноември погоди и неверојатен победнички шут со 0.7 секунди до крајот, на натпреварот против Кливленд.

0 comments:

Post a Comment