Home » , » Коби сега вели дека би играл и до 40 години

Коби сега вели дека би играл и до 40 години

Written By Unknown on 5.11.12 | 21:39

Пред почетокот на сезоната, иконата на ЛА Лејкерс Коби Брајант и самиот изјави дека кога неговиот договор во 2014 година ќе заврши, големи се можностите за тој да замине во пензија, со што би се простил од НБА лигата.

Сега, кога сме влезени со неколку натпревара во новата сезона - што е поинтересниот дел од работата, Коби "пее друга песна".

“Моја цел е да играм во оваа лига до 40 години и верувам дека можам да успеам во тоа. Новите парчиња во тимот како Стив Неш и Двајт Хауард ќе не направат подобри во наредните неколку години. Моментално, работите не одат баш најдобро, но веруваме дека ќе се поправиме со текот на сезоната.“ - изјави Коби Брајант за „CNN“.

Факт е дека кога ќе му заврши договорот, ако Коби Брајант сака да остане во Лејкерс - тие веднаш ќе му понудат нов договор и ќе ја платата цената. Тоа би можело да ги уништи плановите на Лејкерс за доведување на Џејмс во 2014 година, но сега за сега можеме само да предвидуваме и многу од тие предвидувања најверојатно ќе паднат во вода. Прашањето за Лејкерс во 2014 година ќе биде дали тие ја имаат можноста за луксуз во Коби Брајант, со тоа што тој би одиграл во стилот на Тим Данкан и Кевин Гарнет (со што би прифатил договор со помалку заработувачки) за доброто на тимот ?

0 comments:

Post a Comment