Многу специјална во факт, што му даде и рекорд во книгата на рекордите во плејофот.
Картер имаше одличен перформанс против ривалот Ален Ајверсон. Тој ги даде своите 8 тројки на полувреме без промашување завршувајќи со 50 поени во победата на Торонто над Филаделфија со 102-78 за 2-1 во серијата од полуфиналето.
При овој перформанс беше извикуван зборот : “VINCREdible“
Еве вели Картер по натпреварот :
“Не знам. Тројката не ми оди баш најдобро. Се уште работам на неа. Уште сакам да бидам ’ол араунд’ играч кој ќе асистира, скока, поентира, блокира, не само играч кој ќе ја земе топката и ќе ја забие во кошот. Тоа не е играч каков што сакам да бидам.“
Картер ја стигна 50ката на 2:58 минути до крајот, а неговиот последен поен беше 2ка проследена со забивање. Таа двојка му донесе предност на Торонто од 22 разлика. Замина од натпреварот со аплаузи, овации.
Картер со овие 50 поени го постави рекордот на својата кариера, а како што вели во средно, имал 47 поени, но секако ова не е средно, ова е НБА.
“Не во колеџ, не е ни во средно. Во средно дадов 47 поени, па прекрасно е да се биде на таквата граница. Вакви работи се случуваат секаде и во секое време.“
Го заврши натпреварот со 9 тројки, рекорд кој го изедначи со Рекс Чапмен од Феникс во 1997 година, и со своите 8 тројки на полувреме изедначи и сруши неколку рекорди на неколку играчи.
Картер имаше 37 поени на полувреме, а го изедначи рекорд по поени во едно полувреме во плејофот и се изедначи со Слипи Флојд од Голден Стејт кој исто имаше 37 поени во 1987.
Антонио Дејвис додаде 20 поени и 14 скока, надигрувајќи се со Дикембе Мутомбо и Крис Чилдс кој имаше добар натпревар со 16 поени и 10 асистенции. Картер исто така додаде и 7 асистенции, 6 скока и 4 блока.
“Тој е тип на играч кој може да експлодира кога сака и ми се допаѓа тоа, но се плашам да го играм следниот натпревар против него.“ - рече Ајверсон.
Но, дали кога заврши предходниот натпревар некој се праша како Картер ќе возврати ? Ален тогаш даде 54 поени, но Картер веќе следниот натпревар се разбуди.
34 - годишниот Картер е еден од 16те НБА играчи кој успеале да ја поминат магичната бројка од +50 во плејофот во НБА лигата.
Видео од 50те поени на Картер :



Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment