
Лав ја започна средбата во првите 5 во кој Минесота беше поразена дома од Денвер со 101-94. За вкупно 35 минути даде 34 поени и имаше 14 скока, а тоа му беше првиот натпревар по 5 неполни недели.
Шаката ја скрши на 18 октомври, отприлика две недели пред почетокот на НБА лигата, а докторите проценија дека треба да паузира околу 6 до 8 недели. Но тој се врати многу порано.
“Не сакав да правам голема работа од сето тоа. Им реков на соиграчите, но и тие не ми веруваа. Дури кога го видеа мојот дрес во соблекувалната, поверуваа. Дури не ни тренирав, и веднаш влегов во соблекувалната надевајќи се дека ќе се случи нешто добро. Промашив неколку слободни фрлања и тројки кој обично не ги промашувам. Многу направив за да го спасам натпреварот.“ - вели Лав.


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment