Home » , » Неш официјално надвор од терените 7-10 дена, додека Брајант пропушта тренинг

Неш официјално надвор од терените 7-10 дена, додека Брајант пропушта тренинг

Written By Unknown on 6.11.12 | 16:04

Откако се повреди на вториот сезонски натпревар, многу новости стигнаа за тоа колку време ќе паузира Стив Неш. Доколку ги запрашајте Лејкерс моментално, тие би чекале и цел месец и не би ризикувале воопшто.

Но, најновата вест тврди дека Стив Неш ќе пропушти од 7-10 дена. Според Кен Бергер од „CBSSports“, тој вели дека медицинскиот тим на Лејкерс прогнозираат минимум уште една недела пауза за Неш, додека не е ништо чудно тој да не игра и повеќе од 10 дена. 


Лејкерс изгледаа како да ја пронаоѓаат својата игра со победата над Детроит во неделата, форсирајќи внатрешни поени преку Двајт Хауард. Но темпото на играта на Лејкерс никогаш нема да биде исто како кога Стив Неш е на теренот и ги контролира сите играчи. Што побрзо, толку подобро за Лејкерс. Но никој не сака да ги брза работите.

Коби Брајант пропушти еден тренинг на Лејкерс во понеделникот, а главната причина за отсуството е поради рехабилитацијата на своето стапало, кое што гледа да го одмара и лечи во секоја можна прилика.

“Стапалото не излгедаше лошо, за разлика од минатиот пат.“ - изјави Коби Брајант после натпреварот со Клиперс во петокот, во кој постигна 40 поени во 43 минути. “Имам доволно време до почетокот на натпреварот против Јута за да го се вратам 100 % во форма и очекувам одличен натпревар.“ - додаде Коби Брајант.

0 comments:

Post a Comment