Home » , » Денвер бара прва победа, Булси ќе пробаат да го запрат Орландо

Денвер бара прва победа, Булси ќе пробаат да го запрат Орландо

Written By Anonymous on 6.11.12 | 22:58


chicago-bulls1
По што во рок од два дена се одиграни 13 натпревари, денес ситуацијата малку се смирува во НБА лигата, и ќе играат само 6 тима. Чикаго Булси ги дочекуваат гостите од Флорида односно Меџик, Тандер се домаќини на Рапторс, а Нагетси на Пистонси.



Чикаго Булс 02:00 Орландо Меџик 

Иако имаа добра пригода по 16 години да ја отворат НБА лигата со 3-0, Булси сепак беа поразени дома од Хорнетси. Гостите настапија без Дејвис и Гордон, па се очекуваше победа на Биковите, но борбените Хорнетси заслужија победа. Чикаго никако не можеше да го пронајде ритамот, а шутот од игра им беше катастрофален 33%. Во поразот натјдобар беше Луол Денг со 19 поени, а треба да се издвои и дабл-дабл учинокот на Ноа, 11 поени и 11 скока. Денес нагости им доаѓаат Орандо кои се пријатно изненадување на почеток на сезоната, минатиот натпревар славеа над Санс со 115-94. На полуврмеме гостите од Аризона беа “здробени“ и си заминаа со само 38 поени, додека Орландо имаше 69. Најефикасен беше Џ.Џ. Редик со 24 поени.
По лошата претстава против Хорнетси, се очекува дека Чикаго ќе се врати во нормала и ќе им го зададе првиот пораз на гостите од Флорида. За овој натпревар не се знае дали ќе настапи Џамер Нелсон.



Оклахома Сити Тандер 02:00 Торонто Рапторс


По лошиот старт на сезоната (една победа од 3 натпревари) Оклахома ќе проба да го поправи тоа на домашен терен. По заминувањето на Харден не делуваат добро, и покрај сите квалитети во тимот. Минатиот натпревар ја дочекаа Атланта, но беа поразени со 95-104. Најмногу поени даде новото засилување Кевин Мартин (28) погодувајќи 6 тројки од 8 обиди, иако влезе од клупата. Добар беше и Кевин Дурант кој запиша дабл-дабл (22 поени, 12 скока и 8 асистенци). Од другата страна Торонто има ист рекорд на победи и порази до сега. Во минатиот натпревар и беа домаќини на Минесота и ја победија со 105-86, а најдобар беше бившиот соиграч на Мартин, Кајл Лаури со 22 поени, 7 скока и 5 асистенции. Во досегашниот дел од сезоната бележи 23 поени во просек што е за 9 повеќе од минатата сезона. Двете екипи се комплетни.

Предност и даваме на Оклахома затоа што е поквалитетна, а очекуваме и интересен статистички двобој помеѓу Лаури и Мартин.


Денвер Нагетс 03:00 Детроит Пистонс


Двобој на моментално најлошите екипи во лигата (3 натпревари без победа). Денвер во саботата играше во Мајами каде во напнат натпревар доживеа пораз (116-119). Еден од причините беа и 24% реализација за 3ки. Најмногу се истакна Кенет Фарид со 22 поени и 12 скока, а најлош беше Данило Галинари кој погоди само 3 шута од 17 обиди. Пистонси беа жртва на ЛА Лејкерси во “Градот на Ангелите“. Беа порезени со 79-108, а најмногу поени даде Џонас Јеребко (18), а од остантите играчи никој не се истакна позитивно. Денвер ќе настапи без Јулјан Стоун, а не се знае дали ќе настапи и Тимофеј Мозгов. Кај Пистонси нема да настапи Кори Магти.

Предност им даваме на Нагетси поради тоа што имаат поквалитетен ростер и домашен терен.

Линкови за следење на натпреварите можете да најдете овде !

0 comments:

Post a Comment