Home » , » Кјубан :“Би потишал договор со Дирк до неговата 73 година !“

Кјубан :“Би потишал договор со Дирк до неговата 73 година !“

Written By Anonymous on 23.11.12 | 16:23


Сопственикот на Далас Маверикс, Марк Кјубан не сака Дирк Новицки да го напушти тимот од Тексас.

Германецот дојде во НБА во 1998 и комплетната кариера ја помина во дресот на Далас Маверикс, а газдата  на клубот не сака најдобриот играч да си замине.

“Секако ќе бидам среќен доколку Дирк би сакал да остане во Далас. Да се прашувам јас би го задржал вечно. Со Новицки би потпишал договор до неговата 73та година ако има желба за игра.“ - вели Кјубан.

Далас во 2011 година ја освои првата титула во историјата, а Новицки беше прогласен за МВП на финалето.

0 comments:

Post a Comment