По паузата од една ноќ без НБА кошарка, натпреварите се враќаат на програмата вечерва и тоа со полн залет - ќе следиме дури 12 пресметки.
Помеѓу првите натпревари низ ноќта ќе следиме одличен дерби, интер-конференциски дуел помеѓу два претенденти за титулата на истокот и на западот. Иако Оклахома е во многу подобра ситуација моментално за разлика од Бостон, сепак ова е дуел помеѓу две елитни екипи без разлика на тоа.
Тандер се наоѓаат на втората позиција на западот и имаат 3 победи во низа. Од 4 одиграни натпревари, Оклахома изгуби само еден гостински натпревар сезонава, што е импресивна карактеристика за тимот кој беше еден од најдобрите во оваа категорија лани. Кевин Дурент полека но сигурно влегува во својата препознатлива MVP форма, а секогаш кога игра така е ноќен кошмар за справување. Дурент оваа сезона е многу подобар во плејмејкерството, а тоа го истакнуваат и оние највисоки во неговата кариера 4.7 асистенции по натпревар. Како што кажа тренерот Брукс за него, тој не очекува од Дурент да има високи бројки во тие категории, но очекува од него да биде плејмејкер на овој тим.
Бостон Селтикс и обично играат лошо на почетокот на сезоната и повторно неможат да најдат редовност во својата игра. Тие моментално имаат рекорд од 6-6 и 2 порази во низа, но со Селтикс никогаш не се знае ништо - тие можат да го свртат рекорд за брзо време. Ражон Рондо игра фантастично за Селтикс и сеуште го одржува континуетот на натпревари со 10+ асистенции, кој моментално се наоѓа на 35 последователни натпревари.
Вечерва се се сведуа на одбраната и кај двата тима, бидејќи и двата тима имаат поединци кои можат да извираат со офанзива и да носат поени на секоја позиција. Така да, одбраната е клучот.
Во истиот термин од 01:30 часот по полноќ имаме уште еден интересен натпревар, што исто така ќе се игра на домашниот терен од екипата од истокот. Во овој случај Клиперси долетуваат во Бруклин за да одиграат дуел против Нетси, во новиот Барклајс центар.
На нечива губитничка серија ќе мора да и дојде крај; Нетси губат 2 натпревара по ред, додека Клиперс имаат само еден пораз позади себе. Токму поради оваа причини очекува битка за победата, затоа што е важна за секој од овие два тима.
Откако стартуваа најдобро како тим во последните 10 години, Бруклин Нетс оладија малку во последните 2 натпревара. Поразот против Лејкерс беше во близок натпревар во кој се бореа до крај, додека потоа и неочекувано изгубија и од Голден Стејт Вориорс на гости. Во скоро секој натпревар, Нетс имаа проблеми во третиот период, каде што тотално ги губеа конците и му дозволуваа на противникот да се врати во игра. Тоа ќе треба веднаш да се поправи, затоа што тим како ЛА Клиперс најдобрата кошарка ја игра после полувремето.
Откако стартуваа најдобро како тим во последните 10 години, Бруклин Нетс оладија малку во последните 2 натпревара. Поразот против Лејкерс беше во близок натпревар во кој се бореа до крај, додека потоа и неочекувано изгубија и од Голден Стејт Вориорс на гости. Во скоро секој натпревар, Нетс имаа проблеми во третиот период, каде што тотално ги губеа конците и му дозволуваа на противникот да се врати во игра. Тоа ќе треба веднаш да се поправи, затоа што тим како ЛА Клиперс најдобрата кошарка ја игра после полувремето.
Лос Анџелес Клиперс пак, играат одлично и имаа 5 победи по ред, пред да бидат поразени на последниот натпревар Оклахома Сити Тандер. Тоа значи дека Клиперси сеуште се жешки од победите и секако дека ќе потистнат за гостинска победа вечерва. Нивниот рекорд на гостински терен оваа сезона изнесува 3-1, што е и добар скор. Пред само два ноќа тие одиграа натпревар со продолжение во Оклахома, каде што на крајот изгубија со конечни 111-117. Крис Пол потфрли во тој натпревар откако постигна само 9 поени, па вечерва и самиот Пол ќе бара кам-бек натпревар.
Очекуваме интересен дерби натпревар, што најверојатно ќе биде исполнет со многу поени, со оглед на фактот дека играат два повеќе - офанзивно насочени тимови.
Останатите натпревари:
Шарлот Бобкетс 01:00 Атланта Хокс
Орландо Меџик 01:00 Кливленд Кавалирс
Детроит Пистонс 01:30 Торонто Репторс
Индијана Пејсерс 02:00 Сан Антонио Спарс
Мемфис Гризлис 02:00 ЛА Лејкерс
Хјустон Рокетс 02:00 Њу Јорк Никс
Денвер Нагетс 03:00 Голден Стејт Вориорс
Јута Џез 03:00 Сакраменто Кингс
Феникс Санс 03:00 Њу Орлеанс Хорнетс
Портланд Треил Блејзерс 04:00 Минесота Тимберволвс







Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment