Home » , » Бостон со победа над Милвоки, Шарлот го изненадува Далас

Бостон со победа над Милвоки, Шарлот го изненадува Далас

Written By Anonymous on 11.11.12 | 12:31


На кошаркарските паркети во НБА лигата синоќа се одиграни 9  натпревари. Победа на домашен терен забелешаа Шарлот Бобкетси кој со 101-97 по продолженија беа подобри од Далас Маверикс.

Ова беше прва победа на Бобкетси над Далас во нивната 9 - годишна историја, а за тоа најзаслужени се Кемба Вокер (26 поени), Мајкл Кид Гилкрис (25 поени) и Рамон Сешнс кој со двочекор постигна поени на 2,8 секунди до крајот, а натпреварот го заврши со 12 поени.

Бобкетси против Далас оствари рекорд од 0-16, а минатата сабота загубија исто од нив со резултат од 126-99. Најефикасен кај Далас беше О.Џ Мејо со 22 поени.

С.А Спарси славеја на гостувањето во Портланд со 112-109 и со тоа ја прекинаа серијата од 7 порази во “Роуз Гарденот“ иако играа без Тони Паркер. Лидер на Спарси со 27 поени беше Гери Нил, додека Тим Данкан имапе 22 поени и 9 скока.

Во 3/4 од натпреварот Спарси заостануваа со 14 поени разлика, но во последната четвртина направија серија од 14-0 и на крајот стигнаа до 6тата победа од 7 овосезонски натпревари. Најдобар кај Портланд беше Никлас Батум кој даде 33 поени.

Чикаго Булс во својот “Јунајтед Центар“ ги совладаа Тимбервулвси со 87-80. Лидерот на Булси беше Нејт Робинсон со 18 поени, а му помогна Џоаким Ноа со 17 поени и 4 блокади, додека кај Минесота најдобар беше Никола Пековиќ со 18 поени. Него го следеше Андреи Кириленко со 11 поени и 12 скока.

Бостон славеше на гостовањето во Милвоки со 96-9, носен на грб од Пол Пирс кој имаше 25 поени и 9 скока и Кевин Гарнет со 18 поени и 6 скока. Ражон Рондо даде 10 поени и имаше исто толку асистенции, и ова му беше 30ти натпревар по ред да запише +10 асистенции во еден натпревар. Пред него се само Меџик Џонсон (46) и Џон Стоктон (37).

Две продолженија се играа во “Оракл Арената“ во Оукленд каде Денвер Нагетси ги совладаа Голден Стејт Вориорс со 107-101. Данило Галирани даде 5 од своите 21 поени во последните 36 секунди, а Нагетси со серија од 11-0 ги скршија противниците. Кенет Фарид имаше 18 поени и 17 скока, додека најдобар кај Вориорс беше Клеј Томпсон со 23 поени.



Денешни Резултати :

Торонто Рапторс 83-93 Филаделфија Севенти Сиксерс


Индијана Пејсерс 89-85 Вашингтон Визардс


Шарлот Бобкетс 101-97 Далас Маверикс


Чикаго Булс 87-80 Минесота Тимбервулвс


Хјустон Рокетс 96-82 Детроит Пистонс


Милвоки Бакс 92-96 Бостон Селтикс


Јута Џез 94-81 Феникс Санс


Портланд Траил Блејзерс 109-112 С.А Спарс


Голден Стејт Вориорс 101-107 Денвер Нагетс



0 comments:

Post a Comment