Home » , » Брајант го фаворизира Фил Џексон

Брајант го фаворизира Фил Џексон

Written By Anonymous on 10.11.12 | 21:22


phil-jackson-3
Коби Брајант сеуште не го преброде начинот на кој Лејкерси во вториот круг од плејофот се поразени од Далас Маверикс под палката на Фил Џексон. Оваа сезона сака да се искупи и во потполност го поддржа враќањето на Фил по отказот на Браун.

“Вие добро знаете какви се моите чувства кон Фил. Единствена работа која ме мачи е минатата година кога не бев во можност да дам се од себе поради тоа што имав повреда на ногата. Тоа секогаш ме мачеше бидејќи знаев дека тоа е последна година за Џексон во Лејкерси. Едноставно не бев во можност да дадам се од себе. Тој е предобар тренер, не заслужува вака да ја заврши кариерата.“ - вели Брајант.

Извори блиски на “ESPNLosAngeles.com“ велат дека Џексон е отворен за враќање на тренинзи по што ја пропушти цела мината сезона. Не треба да се заборави исто така дека кандидат број 2 за наследник на Браун е и поранешниот играч на Њу Јорк Никс Мајк Д’Ентони.

“Познавајќи го мислам дека во прашање е неговото здравје и дали може да се носи со него. Тој е перфекционист, тоа сите го знаат. Тој не учеше на нијансите, ситните детали од играта, нешто што луѓето не го знаат. Кога е во прашање кошарката, тој е гениј.“ - заврши Брајант.

Публиката во последниот натпревар на Л.А Лејкерс против Голден Стејт неколку пати го извикуваше враќањето на Џексон. Се очекува дека враќањето на Џексон е и реалност. Неговото враќање го поддржа и Двајт Хауард, а јавноста го исчекува одговорот.

0 comments:

Post a Comment