Home » , » Булси ги дочекуваат Тандерси, Клиперси кај Блејзерси

Булси ги дочекуваат Тандерси, Клиперси кај Блејзерси

Written By Anonymous on 8.11.12 | 22:33


kevin-durant-russell-westbrook
По вечерта со 13 натпревари, денес лигата “одмара“ со само 2 натпревара. Чикаго на свој терен ќе ја пречека Оклахома, додека интересно ќе биде во Портланд, каде гостуваа Клиперси.

Чикаго Булс 02:00 Оклахома Сити Тандер

Чикаго по неочекуваниот пораз од Њу Орлеанс дома го совлада Орландо Меџик. Гостите успеаа да паднат дури во 4/4 од натпреварот каде Денг постигна дури 15 поени од 23те поени со кој заврши. Одличен натпревар одигра и Џоаким Ноа кој заврши со 20 поени, 9 скока и 5 блока. Денес ќе им се спротистави јак противник и ќе видиме колку ќе можат да изджат без предводникот на тимот Дерик Роуз. Оклахома не старуваше премногу уверливо, а минатата утакмица славеја над Торонто Рапторси со 108-88. Натпреварот започна како едносмерна улица, а Оклахома во текот на двобојот водеше и со 29 разлика, а најдобар беше Расел Вестбрук со 19 поени и 9 асистенции, додека Кевин Дурант даде 15 поени, но на паркетот беше помалку од 30 минути. Дурант сеуште не одигра натпревар како што се очекува од најдобриот стрелец во лигата, но вечер можеме да го очекуваме да блесне.

Иако Чикаго на гостински терен не е лош, но сепак предноста и се дава на Оклахома.

Портланд Траил Блејзерс 04:30 Л.А Клиперс

Портланд последно играше со Далас каде запиша пораз со резултат од 91-114. Со катастрофална реализација на тројки (5/22). Најдобро се истакна ЛаМаркус Олдриџ со 20 поени и 7 скока. Блејзерси имаат недостаток во играта од клупата. Имено нивната клупа бележи само мизерни 12.8 поени што е најлошо во лигата. Клиперси синоќа славеја над Спарси. Најдобри беа Блејк Грифин (22 поени и 10 скока) и ДеаАндре Џордан (20 поени и 11 скока). Лидерот на тимот Крис Пол рече дека оваа победа ја заслужиле пред се поради добрата одбрана, а шансите за победа им се зголемуваат со одбраната. Клиперси сеуште се без Билапс, Хил, додека пак во Блејзерси не игра Елиот Вилијамс.

Предноста ја даваме на Клиперси поради што се поквалитетни.

Линкови за следење на натпреварите имате овде !




0 comments:

Post a Comment