Home » , » Клиперси продолжуваат со добрите натпревар, Дурант го среди Чикаго

Клиперси продолжуваат со добрите натпревар, Дурант го среди Чикаго

Written By Anonymous on 9.11.12 | 12:11


chris-paul-blake-griffin-clippers
Оклахома Сити Тандер славеше на гости кај Чикаго со резултат од 97-91. Кошаркарите на Тандер стигнаа до победата предводени од Кевин Дурант кој даде 24 поени.

Во натпревар во кој никој тим не стегна голема предност се истакна Кевин Дурант, кој со два шута по ред и две слободни фрлања, со што му обезбеди на тимот “мирна“ завршница.

Дурант на 46 секунди пред крајот даде 91-87, а потоа и за 93-89. На другата страна Џоаким Ноа намали на 93-91, а Дурант со две слободни фрлања, ја потврди победата на “Громовите.“

Можеби натпревари би влегол во мирна завршница, гледано од перспектива на Тандер, топката да не беше во рацете на Расел Вестбрук. Имено тој запиша 12 асистенции, но загуби дури 22 топки од кој тимот прими 16 поени ! Шутираше 6-15 за двојка, 1-7 за тројка и 1-1 од линијата за слободни фрлања. Дурант загуби 3 топки помалку, но даде 8 поени повеќе.

Втор најдобар играч во Оклахома беше сјајниот Шпанец Серж Ибака, кој даде 21 поен, 9 скока и 4 блока.

Кај домаќините Луол Денг беше најефикасенсо 27 поени, а му се приклучи и Рип Хамилтон со 20 поени. Освен тоа Кирк Хајрник даде 12 поени, но тоа не беше доволно за победа на Булс.

Во другиот натпревар на вечерта Л.А Клиперс забележаа лесна победа кај Траил Блејзерси со 103-90. Тимот од Л.А водеше преку 20 поени разлика во првото полувреме, но во продолжението тимот не играше на ниво и им дозволи на Блејзерси да направат -4 (86-82).

Меѓутоа Клиперси по тоа направија серија од 14-3 и лсено победија со 103-90. Најдобри беа Џамал Крофорд со 25 поени и ДеАндре Џордан и Крис Пол со 21. Портланд беше предводен од Никлас Батум со 23 поени, додека ЛаМаркус Олдриџ и Матјус потфрлија шутирајќи комбинирано од игра 11-29.

Резултати :

Чикаго Булс 91-97 Оклахома Сити Тандер 

Портланд Траил Блејзерс 90-103 Л.А Клиперс


0 comments:

Post a Comment