Њу Јорк Никс се сеуште единствениот непобедлив тим во новата сезона, откако синоќа се преместија на рекорд од 5-0 по новата победа над Орландо Меџик.
Кармело Ентони повторно играч на мечот, откако ги предводеше Никси со 25 поени и 8 скока, а Џ.Р. Смит продолжува да игра фантастично од клупата и овојпат постигна 21 поени, на 9-12 реализација од поле. Рејмонд Фелтон исто така одигра солиден натпревар со 21 поен и 5 асистенции.
За Орландо повторно на висина на задачата беше Џ.Џ. Редик со 18 поени и 7 асистенции, но тоа беше недоволно за "магичните" да ја забележат првата победа во последните 5 натпревари. Ерон Афлало заврши со 12 поени и 5 асистенции, додека Никола Вучевиќ имаше 12 поени и 10 скока.

Сан Антонио Спарс 84-82 ЛА Лејкерс
По отпуштањето на Мајк Браун како главен тренер на ЛА Лејкерс, помошниот тренер Бикерстеф успеа да заврзе 2 победи по ред и да го подобри рекордот на Лејкрес на 3-4, но тука настапуваат Сан Антонио Спарс, кои на Лејкерс им го приредуваат петтиот пораз оваа сезона.
Тим Данкан и Тони Паркер искомбинираа за 37 поени, што беше сосема доволно за Спарси да извлечат победа. Но застанете... Тука доаѓа и Дени Грин - спасителот, кој ја погоди последната тројка на 9.3 секунди до крајот за да им даде на Спарс водство од 84-82, пред Лејкерс за последен пат да се обидат да го израмнат или победат натпреварот. Обидот на Пау не успеа, па тоа значеше уште еден пораз за Лејкерс оваа сезона и седма победа за Сан Антонио Спарс. Тим Данкан постигна 18 поени и 9 скока, Тони Паркер заврши со 19 поени и 7 асистенции, додека херојот на мечот Дени Грин забележа 11 поени и 5 скока.
Кај ЛА Лејкерс најдобар беше Коби Брајант со 28 поени и 8 асистенции, а Двајт Хауард заврши со 13 поени и 15 скока. Пау Гасол одигра солидно со 10 поени и 10 скока.
Останатите натпревари :













Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment