
Но еве и други мислења, кои доаѓаат од не толку неважни личности.
Кармело Ентони – Никси кои претставуваа еден вид трн во окото на Мајк, имаа политички – коректни изјави.
“Јас знаев дека тој сакаше да се одмори и да си го подобри здравјето“ - изјави Мело.
“По проведеното време со него на олимписките игри, тој сеуште не беше сигурен за својата иднина како тренер. Очигледно профункционирал односот меѓу него и Коби летово или пак кријат некој ас во ракавот. Како и да е, ќе биде интересно, знаејќи дека Коби е возбуден во врска со ангажманот на ДиАнтони.“
Додека пак кај Лејкерс, изјавите звучеа идилично и задоволно. Не е ни чудо, доколку сакаш минути, најмалку што треба да зборуваш е лоши изјави за идниот тренер.
Двајт Хауард по прашањето за дефанзивата изјави:
“Момците од тимот едноставно обожаваат да работат со ДиАнтони. Иако тој е пред се офанзивен тренер, верувам дека ке најдеме баланс и дека работите ќе се одвиваат добро.“
Ентуан Џејмисон на дилемата Фил или ДиАнтони изјави :
“Било кој од нив би бил права одлука. Иако Фановите го сакаа Фил, Мајк има добро резиме, одлична офанзивна игра и ќе ни дозволи да играме послободно во нападот.“
Мета Ворлд Пис имаше интересен став во врска со шутот за три (по учинокот 4 од 8 зад линијата за три, во неделата против Кингси) :
“Одличен систем на игра кој ќе овозможи многу отворени шутови за три.“
Конечно и генералниот менаџер на Лејкерс, Мич Купчак даде изјава за одлуката на тимот да го најми Мајк ДиАнтони :
“По долгите разговори со неколку одлични и високо реномирани тренери – кандидати, Џим Бас и јас се согласивме дека Мајк е правиот човек за Лејкерс со овој ростер, познавајќи ја неговата офанзивна тактика. Се чувствуваме возбудено во врска со неговиот ангажман во Лејкерс.“


Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment