Вечерта на продолжувања на договори ја започнуваме со Џру Холидеј, кој точно на последниот ден од преодниот рок потпиша нов 4 - годишен договор, вреден 41 милион долари.
Очигледно на Филаделфија СевентиСиксерс им се допаѓа фактот да градат околу младата група на играчи, почнувајќи од Ендру Бајнам, Џру Холидеј и Еван Тарнер.
Колку само да споредиме, овој договор е помал од новите договори на Тај Лосон, Џејмс Харден и Стефан Кари, но поголем од оние на Таџ Гибсон и ДеМар ДеРоузан.
Кога сме кај новиот договор на ДеМар ДеРоузан, тој во наредниве 4 години ќе заработи 40 милиони долари и е сигурен дел од Торонто Репторс, кои се во процес на трансформација на тимот.
ДеМар Дероузан е многу атлетски играч, играч кој лани на Торонто им даде 16.7 поени и 3.3 скока по натпревар. Знае да заврши на обрачот силно, но неговите шутерски способности се под стандардите за еден крилен играч. Тука лежи ризикот за Репторс. Како да е, ДеРоузан не е шутер, па од него може да се очекува многу други работи освен шутирањето.
0 comments:
Post a Comment