Мајами настрада во гостувањето кај Л.А Клиперс во “Стејплс Центарот“ со 107-100, додека Оклахома загуби на домашен терен од Мемфис со 107-97.
Дабл-дабл учиноци забележаа Грифин (20 поени и 14 скока) и Крис Пол (16 поени и 10 асистенции), а 5 играчи на Клиперси имаа над 10 поени. Најдобар беше “џокерот“ на Клиперси, Џамал Крофорд кој имаше 22 поени.
ЛеБрон Џејмс беше лидер на Мајами со 30 поени, додека Реј Ален даде 14 поени, 4 тројки. Двејн Вејд даде 6 поени, но треба да се напомене дека играше повреден.
Л.А Клиперси ги победуваат Мајами во последните 5 натпревари во “Стејплс Центарот“, а на прваците им го нанесоја 3тиот пораз оваа сезона.
Оклахома сјајно отвори против Мемфис и по првата четвртина водеше со 30-20. Меѓутоа во 2/4 дадоја само 15 поени, а примија 36 што беше заостанок кој не можеше да се стигне иако играа во својата “Чиспејк Енерџи Арената“.
Руди Геј ги предводеше Гиризлис со 28 поени, додека Зек Рендолф имаше 20 поени и 11 скока. Кевин Дурант имаше 34 поени, но не можеше да ги покрие лошите шутерски вечери на Вестбрук (6-19) и Кевин Мартин (1-4). Вестбрук на крај заврши со 17 поени и 13 асистенции, но Мемфис сепак победи.
Детроит Пистонс ја изненеадија Филаделфија во својата сала и славеја со 94-76. Ова беше прва победа за тимот од Детроит. Најмногу заслуги за тоа имаат Грег Монро (19 поени и 18 скока), Кајл Синглер (16 поени) и Ташајн Принц и Брендон Најт кој имаа по 15 поени. Ловју Ален со 14 поени беше најефикасен кај Филаделфија, а Фили го губи третиот натпревар по ред дома со мизерен шут од игра со 29,8 %. Предходно најлошиот % на шут Севенти Сиксерси го имаат против Детроит во 2004 година.
Чикаго Булси славеја во гостувањето во Феникс во продолженијето со 112-106, благодарение на високите играчи. Во рекетот Булси дадоја 50 поени, а се истакнаа Карлос Бузер со 28 поени и 14 скока и Џоаким Ноа со 21 поен и 12 скока. Луол Денг исто така се истакна за “Биковите“ и имаше 21 поен. Најдобар кај Санс беше Луис Скола со 24 поени и 14 скока.
Бостон Селтикси дома во “ТД Гарденот“ славеја против Јута Џез со 98-93 иако подобар дел играа без главната ѕвезда Ражон Рондо. Рондо го повреди глуждот на десната нога во една прилика лесно да положи кон обрачот. Резервите на Бостон постигнаа 47 од 96те коша, а предводници беа Џеф Грин и Леандро Барбоса двајцата со 16 поени. Најефикасен “Келт“ беше со 23 поени Пол Пирс, додека најдобар кај “Џејзерите“ беше Пол Милсап со 20 поени и 12 скока.
Шарлот Бобкетси нагости победија против Минесота со 89-87 и така ја остварија својата 3 победа сезонава. Во завршницата “Волците“ беа скршени откако Бобкетси ја намалија разликата од 16 поени разлика, а на 0,7 секунди пред крајот Кемба Вокер им донесе победа на гостите.
Бобкетси минатата сезона ја завршија само со 7 победи, но сега се на рекорд од 4-3. Три победи до оваа утакмица не врзаа од далечната 2011 година. Најдобар беше Кемба Вокер со 22 поени, додека на “Волците“ не им помогна одличната партија на Андреи Кириленко во која имаше 26 поени и 12 скока.
Денешни Резултати :
0 comments:
Post a Comment