Понеделнички расположени и се наближуваме на уште една ноќ исполнета со НБА натпревари. Како и секогаш, ноќта ќе биде максимално интересна, а сите светла ќе бидат вперени во дуелот помеѓу Чикаго и Бостон.
За прв пат во новата сезона, старото ривалство од 80' се враќа на програмата вечерва во Јунајтед центарот во Чикаго. Бостон Селтикс и Чикаго Булс ќе си ги пресметаат силите на почетокот на оваа млада сезона.
Без Дерик Роуз уште на почетокот на сезоната, Чикаго Булс ги отфрлаат сите потценувања кои беа упатени кон нив и покажуваат дека тимската игра може да победува натпревари. Моментално се сопственици на третото место на истокот и рекорд од 4-2. Луал Денг докажува дека може да биде втор лидер на овој тим, додека останатите како Карлос Бузер, Џоаким Ноа, Таџ Гибсон и Рип Хамилтон само го дополнуваат.
Бостон се чини дека неможе да врзе неколку победи во серија, но треба да се потсетиме дека овој тим секогаш својот максимум го покажува во вториот дел од сезоната. Неможеме ништо да предвидуваме за Селтикс што се однесува до сезоната, но кога зборуваме за вечерашниот натпревар, тие не влегуваат како фаворити. Селтикси излегуваат од победа над Милвоки Бакс, победа за која требаа да се испотат. За разлика од Булси, тие го имаат сиот состав на располагање и имаат големи шанси за да им се спротивстават на жешките Булси во моментов.
Со оглед на тоа дека е натпревар на 2 елитни тима, можеме да очекуваме се и сешто, но останува да го следиме натпреварот и да уживаме во него.
Откако стартуваа со 4-1 и имаа 3 последователни победи се до саботата, Далас беа едни од најдобрите екипи на стартот на сезоната. Тоа се промени со двата последователни пораза од Никси во Њу Јорк и од Бобкетс во Шарлот. Како и да е, тие два пораза беа на гости, па вечерва на домашен терен ги пречекуваат Тимберволвс, кои пак се тешки за справување моментално. Дирк Новицки сеуште неможе да им помогне на Мавси, па овој тим се префрла во рацете на младиот О.Џ. Мејо, кој на неколку наврати покажа дека нема да го пушти тимот да пропадне. Трите порази на Далас дефинитивно не се негова вина, бидејќи неговата ефикасност на теренот е од голема улога за Далас, но сепак нередовноста на останатите играчи на тимот си го прави своето.
Минесота пак, има само еден пораз последнава недела и тоа на гости кај Чикаго Булс. Пред да изгубат, имаа 3 импресивни победи по ред, вклучувајќи ги победите над Бруклин Нетс и Индијана Пејсерс. Иако играат без Кевин Лав, Рики Рубио и Џ.Џ. Бареа, момците како Андреи Кириленко, Чејс Бадинџер, Алексеј Швед и Никола Пековиќ навистина останаа на ниво на задачата и само ги заплашија останатите дека тие може да победуваат без своите главни двајца играчи. Можете да замислите што ќе биде кога ќе се вратат Лав и Рубио.
Како и да е, двата тима се поразени на својот последен натпревар, па интересното е во тоа што и двата тима бараат кам-бек победа.
Останатите натпревари:
Јута Џез 01:00 Торонто Репторс
Милвоки Бакс 01:00 Филаделфија СевентиСиксерс
Оклахома Сити Тандер 01:30 Детроит Пистонс
Мајами Хит 02:00 Хјустон Рокетс
Денвер Нагетс 03:00 Феникс Санс
Атланта Хокс 04:00 Портланд Треил Блејзерс







Twitter
Facebook
Youtube
0 comments:
Post a Comment