Home » , » ДиАнтони може да победува со Лејкерс - доколку тие играат одбрана

ДиАнтони може да победува со Лејкерс - доколку тие играат одбрана

Written By Unknown on 12.11.12 | 17:25

Мајк Браун можеби заврши со ЛА Лејкерс. Но пред тој да замине, Лејкерс беа одличен офанзивен тим. Новата Принстон офанзива проработе сосема добро за ''езерџиите'', а мораме да напоменеме и дека диригентот на нападот Стив Неш беше оневозможен да игра за поголем дел од натпреварите.

Кога ќе загледате подетално, не ви треба баш многу тактика во нападот за профитирате од Принстон офанзивата. Кога имате толкава офанзивна сила како што имаат Лејкерс во Брајант, Хауард, Неш, Гасол и останатите, можеме да кажеме дека нападот на Лејкерс може уште повеќе, но поради отсуството на Стив Неш потенцијалот не е реализиран. Единствен проблем во нападот во раните делови од сезоната беше проблемот со изгубените топки, но тоа е надминлив проблем, со оглед на тоа дека тимот е заедно низ натпреварите многу малку време.

Со привремениот тренер на ЛА Лејкерс - Брени Бикерстеф, Лејкерс имаат две победи во низа. Голема причина за тоа е големата промена во офанзивата. На последните два натпревара топката се движеше многу повеќе, шутерите ја ширеа одбраната и сите играчи добиваа солидни изгледи за шут од поле. Како тим, играчите правеа одлични одлуки во нападот и Бикерстеф апсолутно си ја заврши својата потребна работа на местото на тренер. 

Поради истата причина зошто Бикерстаф успева со Лејкерс, Мајк ДиАнтони исто така може да победува со овој тим. Неговата офанзива не е воопшто компликуваната и се заснова на агресивност, ширење на противничката одбрана со помош на шутерите и добивање на лесни поени. Во оваа офанзива, се работи за инстиктивна кошарка. Со ваков напад, Лејкерс ќе бидат многу тешки за допирање бидејќи имаат многу играчи кои што знаат да додаваат прецизно и паметно. Видовме неколку пример на натпреварот против Сакраменто Кингс - Двајт Хауард ќе го почувствува удвојувањето на нискиот пост и веднаш ќе додаде до Мета Ворлд Пис кој е само во корнерот за тројка. Знаеме дека Стив Неш е веќе вклопен во системот на ДиАнтони, Коби Брајант ќе се адаптира на секоја нова офанзива, а на ДиАнтони секако дека би му се допаѓало да има комплетен играч како Пау Гасол.

Знаеме дека Лејкерс ќе постигнуваат многу поени. Мајк ДиАнтони е доста талентиран како тренер на нападот и максиманлно ќе го искористи талентот што го има.  Но, дали Лејкерс ќе почнат да играат врвна одбрана под палката на ДиАнтони, како услов да освојат нешто големо ?
Не само со ДиАнтони. Одбраната на Лејкерс е и причината за заминувањето на неговиот истоименик Мајк Браун. Одбраната е под знак прашалник за Лејкерс уште од почетокот на новата сезона.

Тимовите на Мајк ДиАнтони никогаш не биле познати по својата одбрана. Можеме да ја заклучиме дел од неговата последна сезона со Њу Јорк Никс, но сепак, Мајк Вудсон и Тајсон Чендлер беа заслужни за солидната одбрана на Никси. Во неговите 3 години со Њу Јорк, Никси никогаш не биле подобри од 22-рата позиција на дефанзивните табели (поени примени по натпревар). Феникс Санс секогаш биле потценувни на одбрана, но и примањето на поени кај Санс беше поради брзото темпо што го играа во нападот и нивната одбрана не беше толку важна. 

Но со Лејкерс, ДиАнтони мора да заснова подобра одбрана за разлика од изминатите негови тимови, доколку тие сакаат да ја нишанат титулата. Тој го има Двајт Хауард, кој е дефанзивна "сила" внатре во рекетот, Мета Ворлс Пис е секогаш солиден на одбрана, Коби исто така, а проблемот би можеле да бидат Пау Гасол и Стив Неш. Гасол имаше многу проблеми во одбраната на pick-and-roll - от и грешеше многу кога требаше да го превземе својот човек по pick-and-roll на противникот. Стив Неш е веќе во години и прашањето за него е дали ќе може да опстане во одбрана пред експлозивните бекови како Расел Вестбрук, Дерик Роуз, Крис Пол, Рондо итн. Но одбраната на Неш и нема да биде толку важна, доколку останатите играчи си ја вршат својата работа соодветно. 

А кога сме кај ДиАнтони, тој треба да биде гладен и жеден за победи, со оглед на тоа дека ќе сака да го врати статусот на еден од елитните НБА тренер по неколкуте лоши сезони со Њу Јорк Никс. Сега го има тимот и шансата за да се врати во посакуваната елита. 

0 comments:

Post a Comment