Пред тој успех на Спарс, на Западот до 8ма победа стигна и тимот на Мемфис (рекорд 8-1) по победата над Шарлот Бобкет со 94-87. Покрај овие два тима, 8 победи има и Мајами (рекорд 8-3) кој вчера славеја над Санси со 97-88.
Тоа се трите најдобри тимови, а најслаби оваа се сезона се Вашингтон кој и понатаму немаат победа во новава сезона. Оваа сабота Вашингтон по 8ми пат играше, и по 8ми пат загуби натпревар. Јута Славеше во главниот град на Америка со 83-76, а на играчите од Солт Лејк Сити ова им беше тек втора победа во новатата сезона. Најдобар беше Ал Џеферсон со 21 поени и 13 скокови.
Сан Антонио, со лесни 126-100 ги победи Денвер во натпревар кој го одиграа дома, а во 3 и 4ите четвртини даваа +30 поени. Шест играчи на Спарс постигнаа +10 поени, а најмногу имаше Ману Џинобили (20).
Мајами на полувремето имаше 52-52 во Аризона, но во продолженито доминираше и го сркши тимот на Санси. Најдобар беше ЛеБрон Џејмс со 21 поени и 7 скока и Крис Бош со 24 поени и 9 скока. За Санси најдобар беше Горан Драгич со 12 поени, 5 скока и 8 асистенции.
Марк Гасол ги предводеше Гризлис до уште една победа. Центарот имаше 12 поени, 9 скока и 7 асистенции и може да се каже дека одлично го разигрува својот тим. Мемфис славеше со 94-87 над Шарлот.
20 асистенции запиша Ражон Рондо во победата на Бостон со 107-89 против Торонто. Пирс имаше 19 поени и 6 скока, одлично одигра Џејсон Тери кој даде 20 поени (4 тројки), а Гарнет имаше 15 поени. Од клупата одлично одигра рукито Џеред Салинџер кој имаше дабл-дабл учинок (12 поени и 11 скока).
Поради повредата на раката Кајри Ирвинг не можеше да му помогне на својот тим да забележат победа и Далас славеше со 95-103. Најефикасен беше О.Џ Мејо со 19 поени, додека пак на спротивната страна најдобар беше резервистот Дениел Гибсон со 26 поени.
Клиперси славеја над Булси со 101-80. Крис Пол одлично го разигруваше својот тим (10 асистенции и 8 поени), Грифин имаше 26 поени и 10 скока, додека Џамал Крофорд даде 22 поени од клупата. Кај Булси најдобри стандардно беа Карлос Бузер (22 поени) и Луол Денг и Рип Хамилтон (14 поени)
Денешни резултати :
0 comments:
Post a Comment