Home » , » Клиперси на мегдан со Булси, Спарси ќе ги одмерат силити со Нагетс

Клиперси на мегдан со Булси, Спарси ќе ги одмерат силити со Нагетс

Written By Anonymous on 17.11.12 | 23:31


chris-paul-blake-griffin-clippers
По натпреварот кој се одигра денес во 18:30 помеѓу Бостон и Торонто (во кој Бостон славеше) треба да им се препуштиме и на другите натпревари кој се играат вечерва, а ги има 7. 

Сан Антонио Спарс 02.30 Денвер Нагетс
Домаќините по три гостински победи дома ги пречекаа Никси кој славеја победа против Спарси со 104-100. Иако Спарс имаа на 6 минути пред крајот водство од 12 разлика таа предност тимот на Никси ја стигна и така остана непоразени и по тоа тешко гостување во Тексас. Паркер имаше 19 поени и 12 асистенции, додека Тим Данкан имаше 14 скока и 14 поени. Денес ги очекува “run’n'gun“ натпревар во која имаат предност под кошот и тоа треба да им е клуч за победата. Нагетси кој минатиот натпревар беа поразени од Мајами ќе пробаат вечерва да ги надиграат Спарси кој и тоа како добро влегоја во новата сезона.

Тешко е Сан Антонио да загуби два натпревара по ред дома, па така да се очекува нивна победа вчерва.

Феникс Санс 03.00 Мајами Хит

Феникс синоќа поразен во Лејкерси. Санси не играа лошо, но Лејкерс покажа дека лошите игри се зад нив и сега е време да се борат за врвот. Ништо полесно нема да им биде и вечерва на Сани кога играат против Мајами Хит. Тешко е да се очекува било каква неизвеснот кога ќе се земе во обзир дека Гортат и тимот примаат најмалку 100 поени по натпревар, а во нападот немаат добри адути за да можат да се надигруваат со стандардно добрите Мајами Хит. Одлични партии имаат ЛеБрон Џејмс и Крис Бош, а доколку се врати и Двејн Вејд, Санс ќе немаат шанси против “големата тројка“.

Хит е фаворит во овој натпревар и би требало да слават без поголеми проблеми.

Лос Анџелес Клиперс 03.00 Чикаго Булс

Клиперси оваа сезона се една од најатрактивните екипи за гледање, а квалитетите во играта им се подобри од секогаш. Тимот кој има квалитет за првото место во Западот денес ќе ги одмери силите со Чикаго Булс кој играат без повредениот Дерик Роуз кој и тоа како фали во тимот. Клиперси последно славеја против Мајами, а Булси славеја против Санс. Тие не играат многу лошо, разиграни се Ноа, Денг, Робинсон, Бузер, но фали лидерот во 4/4 како Дерик Роуз.

Предноста им се дава на Клиперси поради домашниот терен и ростерот кој го имаат во моментов.


Останати натпревари :



Вашингтон Визардс 01.00 Јута Џез


Шарлот Бобкетс 01.30 Мемфис Гризлис


Кливленд Кавалирс 01.30 Далас Маверикс


Милвоки Бакс 02.30 Њу Орлеанс Хорнетс



Линкови за натпреварите можете да најдете ОВДЕ !

0 comments:

Post a Comment