Вечерва не очекуваат нови 6 натпревари од најјаката кошаркарска лига во светот. Денеска беа одиграни два натпревари, Њу Јорк Никс славаше над Индијана со 88-76, и Торнто Репторси славеја над Орландо Меџик со 97-86. Уживајте во вечерашната НБА програма !
Предноста им ја даваме на Бостон кој се подобра екипа и полека влегуваат во форма, и би требало да ги солвадаат Пистонси без потешкотии.
Портланд ќе проба да стигне до својата 3та победа, што би им била прва таква победа по неколку години. Тие во петокот одиграа луд натпревар со Хјустон, и по продолжението славеја со 2 разлика. Натпреварот беше проследен со одличната партија на Демиан Лилард кој имаше 27 поени, најдобар учинок за него сезонава. Колку е важен овој играч кажува и самиот податок дека гидал последните 16 од 21 поени на Блејзерси против Хјустон. Портланд нема многу опции во нападот, нивните сили се Лилард, Олдриџ, Батум и Метјус кој заедно дале 180 од 222 поени колку што тимот дал во новата сезона. Чикаго од друга страна има повеќе опции, но за разлика од Портланд кој шутира одлично 3ки оваа сезона, Булси во досегашниот дел од сезоната дале само 33 тројки, што е најмал број на дадени тројки во лигата. Позитивна работа за Булси е тоа што во форма влегува Карлос Бузер кој во последните два натпревари искомбинира 50 поени и 26 скока. Но од другата страна Џоаким Ноа одигра многу лошо, шутот од игра му беше 0/6 и имаше само 4 поени во поразот против Клиперс.
Ова ќе биде интересен натпревар за гледање, со обзир на тоа дека Портланд игра дома и блага предност им ја даваме нив, но и Булси ќе имаат своја шанса.
Иако имаше многу дебати за тоа дали изборот на Ди Ентони за тренер бил правилен, факт е дека Лејкерси изгледаат многу поуверливо од почетокот на сезона. Помалку се игра на постот, играта им е многу побрза, а кога ќе се врати Неш тимот ќе изгледа уште подобро. Напредокот е видлив, но Лејкерси ќе треба да се докажат против појаките екипи. Полека се уигрува и Двајт Хауард, и со ова Лејкерси конечно наликуваат на тим кој би можел да се бори за врвот на конференцијата, што секако е цел на Брајант и компанијата. Џејмс Харден ќе биде најважен играч за Хјустон ако сакаат да ги поразат Лејкерси. Тој во сезонава дава по 26.7 поени по натпревар (0.2 помалку од Брајант), и заедно со Лин се младо и динамично бековско дуо кој вечерва ќе проба да игра добро доколку сакаат да падна Лејкерси. Двобојот Харден-Брајант ќе биде клучен, а треба да се спомене дека Хјустон има 1-5 во натпреварите кога Харден дава под 30 поени. Ако со добрата игра и одбраната им се приклучи и Омер Ашик и успее да го успори Хауард, Рокетси ќе бидат закана за Лејкерси.
Лејкерси се подобри од почетокот на сезона, но иако Хјустон ќе пружи поголем отпор од Санси во минатиот натпревар, предноста им се дава на домаќините (освен ако Харден не одигра уште некој страшен натпревар).
Останати натпревари :
Филаделфија Севенти Сиксерс 00.00 Кливленд Кавалирс
Сакраменто Кингс 00.00 Бруклин Нетс
0 comments:
Post a Comment