Home » , » Стив Неш е неизвесен за натпреварот вечерва

Стив Неш е неизвесен за натпреварот вечерва

Written By Unknown on 2.11.12 | 23:03

Оваа информација и не е така добра за фановите на Лејкерс. Стив Неш и официјално е ставен под знак прашалник за вечерашниот натпревар со екипата на Клиперс. 

Неш се повреди на натпреварот против Портланд во втората четвртина. Потоа тој се врати во 3/4 но не можеше да продолжи со натпреварот. По натпреварот тој изјави дека не може да го продолжи натпреварот и се врати назад во соблекувалната.

Ова не е сериозна повреда за Неш, но тој има 38 години и овие повреди можат малку подолго да траат.

На Лејкерси им треба Неш на паркетот очајно. Неш е човекот кој според тренерот Мајк Браун ќе треба да го креира нападот да игра pick-and-roll со центрите или да шутира од транзиција. Лејкерси направија 25 грешки против Блејзерси што е јасен знак дека тие сеуште не се воиграни доволно.

Ова не е некој голем проблем, но тим кој што е со многу нови играчи и кој треба допрва да се воигрува ова не е добар знак за нив.

0 comments:

Post a Comment