Home » , » Клиперси го добиваат дербито, Никси уверливи против Хит

Клиперси го добиваат дербито, Никси уверливи против Хит

Written By Anonymous on 3.11.12 | 11:10


Тимот на ЛА Клиперс победи во градското дерби во НБА лигата вчера славејќи над Лејкерси со 105-95. Лејкерси и по три напревари незнаат за победа.

Ако ги преброиме овие порази и тие од предсезоната, претрпеа дури 11 порази по ред без никого да победат.

“Ни требаше таа победа. Поради тоа Коби Брајант остана на паркетот толку минути, премногу.“ - вели Мајк Браун.

Брајант играше 43 минути, даде 40 поени со шут од игра 14-23, тројки 2-3, 10-10 слободни фрлања, и додаде 6 скока, но и 6 загубетни топки. Двајт Хауард додаде 13 поени и 8 скока, додека Стив Неш не ни настапи.

Лејкерси прв пат во 34 години ја почнаа сезоната со 0-3. Ова им е трет пат во историјата.

Џамал Крофорд кај Клиперси даде 21 поен. Крис Пол пимаше 15 асистенции и 18 поени.

Никси кој првиот настап во лигата требаа да го имаат во четвртокот против Нетси, но натпреварот е одложен поради Ураганот Сенди кој го погоди источниот брег. Никси пред 19000 гледачи славеја во Медисон Сквер Гарден против актуелниот шампион Мајами Хит со 104-84. Расположените домаќини водеа по првата четвртина со 33-17, а ги предводеше Кармело Ентони со 30 поени и 10 скока. Од игра погоди 10 од 28 шута. Посебно впечатливо е дека Никси стигнаа до уверлива победа со само 43% на шут.

“Последните денови не ни знаевме дали ќе се игра. Пред натпреварот откажан беше Њујоршкиот маратон. Моравме да дадеме се најдобро за Њујорчаните кој не бордеа. Моравме да им дадеме неколку сати мир и задоволство. Тоа е најмалку што можевме да направиме.“ - вели Ентони.

ЛеБрон Џејмс беше лидер кај Мајами со 23 поени, а го следеше Вејд со 15.

Брендон Џенингс со 21 поени, 13 асистенции и 6 украдени топки го предводеше Милвоки во победа на гости кај Селтикси со резултат од 99-88. Изненадно Бостон беше сосема надигран, а најдобри кај Келтите беа Кевин Гарнет со 15 поени, и Ражон Рондо со 14 поени и 11 асистенции.

По траснферот од Оклахома Сити, Харден се наметнува како лидер на тимот на Рокетс, кој славеја со 109-102 кај Атланта. Харден за 40 минути игра даде 45 поени. Додаде и 7 скока. Лин имаше 21 поен, 10 скока и 7 асистенции, додека Омер Ашик запиша личен рекорд во скокови - 19. Кај Атланта Лу Вилијамс во дебито даде 22 поени, додека Џош Смит 18 поени и 10 скока.

Улогата на Харден во Оклахома како најдобар играч од клупата ја презеде Кевин Мартин кој даде 19 поени, во победата против Портланд.Расел Вестбрук постигна 32 поени, Кевин Дурант даде 23 со 17 скока, а кај Портланд најефикасен беше Олдриџ со 22 поени и 15 скока, додека го следеше Демиен Лилард со 21 поени и 7 асистенции.

Денешни Резултати :

Шарлот Бобкетс 90-89 Индијана Пејсерс
Орландо Меџик 102-89 Денвер Нагетс
Бостон Селтикс 88-99 Милвоки Бакс
Атланта Хокс 102-109 Хјустон Рокетс
Кливленд Кавалирс 86-115 Чикаго Булс
Њу Јорк Никс 104-84 Мајами Хит
Њу Орлеанс Хорнетс 88-86 Јута Џез
Оклахома Сити Тандер 106-92 Портланд Траил Блејзерс
Минесота Тимбервулвс 92-80 Сакраменто Кингс
Феникс Санс 92-89 Детроит Пистонс
ЛА Лејкерс 95-105 ЛА Клиперс
Голден Стејт Вориорс 94 - 104 Мемфис Гризлис

0 comments:

Post a Comment