![](http://img.bleacherreport.net/img/images/photos/002/013/395/hi-res-157146124_crop_exact.jpg?w=650&h=440&q=75)
Кавгата која ја започна во дуелот со Бруклин, ќе го чини два натпревари неиграње, а ќе го остави и без плата во тој период (околу 200.000 долари). Сјајниот, но пргав плејмејкер на Селтикси поради нападот над Крис Хамфрис ќе ги пропушти дуелите со Портланд и Милвоки.
“Само ги бранев соиграчите, не започнав никаква тепачка. Не сум силеџија, само сметав дека фаулот од Крис Хамфрис над Кевин (Гарнет) беше неспортски.“ - се правда Рондо, додека од Бостон порачаа дека нема да се жалат за оваа одлука.
Интересн е податокот дека ова за Рондо е трета суспензија во последните девет месеци. Во фебруари е казнет исто со два меча, по што со топка го погоди судијата против Детроит, потоа доби и меч забрана во април, на натпреварот против Атланта, кога повторно имаше проблеми со судиите.
Покрај Рондо, казнети се Кевин Гарнет и Џералд Валас кој имаа свој мини дуел. Гарнет ќе плати 25.000 илјади долари додека Валас нешто повеќе, 35.000 илјади долари.
0 comments:
Post a Comment