Home » , » Мајами едвај против “Б“ тимот на Спарс

Мајами едвај против “Б“ тимот на Спарс

Written By Anonymous on 30.11.12 | 11:16


Вториот тим на Сан Антонио пружи јак отпор на Хит, но сепак се поразени на Флорида со 105-100. Тренерот Попопвич ги одмараше Данкан, Паркер, Џинобили, Грин.

Сан Антонио на Флорида допатува без Тим Данкан, Тони Паркер, Ману Џинобили и Дени Грин, и за малку да не успеа да го победи актуелниот првак. Спарси беа во најмала рака рамноправен ривал, две минути пред крајот водеа со 98-93, но Мајами со серија од 12-2, успеа да ја извојува победата. Како и неколку пати оваа сезона клучна улога имаше ветеранот Реј Ален кој погоди одлучувачка тројка на 22 секунди до крајот, потоа и Двејн Вејд ги погоди слободни фрлања. Тимот од Флорида обично беше предводен од ЛеБрон Џејмс со 23 поени, 9 скока и 7 асистенции, Ален додаде 20, Двејн Вејд 19, а Крис Бош 18 поени, но и 12 скока.

“Преживеавме и некако победивме. Спарси и со овој ростер имаат талентирани и добри играчи. Знам дека тимовите без главните ѕвезди не се ценат многу, но тие покажаа дека се навистина добри. Ни прикажаа одличен натпревар.“ - вели Крис Бош.

Дејвид Штер, комесарот на лигата им се извини на навивачите поради ваквиот потез на Попович, кој ги одмараше главните ѕвезди на тимот и додаде дека тој  потез ќе биде санкциониран. Од другата страна, тренерот од тимот на Тексас не коментираше ништо за ова.

Во отстуство на ѕвездите, улога на лидер имаше Тиаго Сплитер со 18 поени и 9 скока, 20 додаде Гери Нил, а Нандо Де Коло имаше 15 поени, 6 скока и 5 асистенции. Интересно е да се рече дека Мет Бонер беше единствен Американец во првиот состав на Попович.

Во вториот дуел вечерва, Голден Стејт во возбудлив финиш беше подобар од Денвер со 106-105. Главна улога во драматичниот финиш имаше Андре Игуадала кој на три секунди пред крајот, при предност на Вориорс од 106-103 е фаулиран, а судијата дава 3 слободни фрлања. Сепак правдата е задоволена бидејќи Иги даде само 2 слободни фрлања, а третото го промаши.

Сепак, Нагетси некако стигнаа до топката, имаа две секунди на располагање, Иги проба да ја исправи грешката, дури и погоди тројка, но судиите утврдија дека шутот е шутнат после звукот на сирената.

Вориорс беа предводени од Дејвид Ли со 31 поен, 9 скока и 6 асистенции, 21 поен имаше Клеј Томпсон, 20 Стеф Кари кој имаше и 10 асистенции. Кај гостите од Колорадо, Тај Лоусон беше најефикасен со 17 поени и 9 асистенции, Игуадала даде 22, а Галинари додаде 20.

0 comments:

Post a Comment