Home » , » Мајк Д'Aнтони го брани Гасол, вели дека тој се вклопува во неговиот систем

Мајк Д'Aнтони го брани Гасол, вели дека тој се вклопува во неговиот систем

Written By Unknown on 28.11.12 | 17:46

По најновиот пораз на ЛА Лејкерс од Индијана Пејсерс, кога Џорџ Хил лесно влезе во рекетот на Лејкерс за положување што им донесе победа на Пејсерс, а Пау Гасол излезе премногу високо на pick-and-roll - от и неможеше да го задржи Хил, кој само помина покрај него и лесно постгина поени, фановите се уште повеќе исфрустрирани со шпанецот.

Но тренерот Мајк Д'Антони не ја критикуваше одбраната на Пау Гасол, особено на последниот напад на противникот, а и воопшто не звучеше како да сака да го трејдува Гасол.

“Гасол е уште еден висок центар кој може да го варди обрачот и е многу паметен играч. Па, не гледам причина зошто тој не би се вклопил во мојот систем на игра. Гасол е голем дел од она што пробуваме да го направиме.“ - изјави тренерот Д'Aнтони на прес-конференцијата по поразот на Лејкерс од Пејсерс.

“Не гледам зошто играч кој што е паметен, талентиран и ефикасен како Гасол не би се вклопил во било чии тренерски шеми. Морам сериозно да се преслушам себеси ако неможам да играм со Гасол во мојот тим. Ајде ве молам, дечкото има два шампионски прстени!“ - додаде Мајк Д'Антони, зборувајќи за Пау Гасол.

Секако, што друго очекувате од Мајк Д'Антони да каже. Тој е позитивен и секако дека нема да го критикува својот играч. Тој само сака да му овозможи на Гасол да се фокусира и максимално да го користи како потребен играч во неговите ротации.

0 comments:

Post a Comment