Лејкерси ова лето се обидоја да го донесат и да го придобијат Џош Смит од Атланта Хокси, но тоа не им отиде од рака поради тоа што никој тим од Истокот не беше заинтересиран за трејд. Но, според пишувањата на “ESPN“, Лејкерси не се откажале од Смит и ќе пробаат да го донесат оваа сезона.
Ќе им го понудат Пау Гасол и веројатно уште некој пик на НБА драфтот во замена за Смит кој на крајот на оваа сезона станува слободен играч. Со обзир на тоа дека е познато дека Хауард и Смит се добри пријатели заминувањето во Лејкерси не е невозможно за освојување прстен, а Хокси би требало да прифатат бидејќи ќе можат да останат и без Смит и без Гасол. Но ова засега и натаму останува шпекулација.
0 comments:
Post a Comment