На почетокот на викендот синоќа проследивме 8 навистина интересни натпрвари, меѓу кои се наоѓаше седмата последователна победа на Гризлис и OT драмата во Портланд, каде што домаќините го извлекоја подолгиот крај.
И двата тима влегоја во овој натпревар како две најдобри екипи во своите конференции, со 6 победи позади себе. Додека Гризлис имаа само еден пораз позади себе, Никси се надеваа дека ќе останат непобедливи. Некој мораше да победи, а тоа беа Мемфис Гризлис.
Дабл-дабл машината Зек Рендолф продолжи да игра во MVP форма, откако и синоќа консолидираше со 20 поени и 15 скока. Марк Гасол постигна 24 поени и 7 скока, додека одлични беа и Руди Геј со 17 и Мајк Конли со 16 поени и 8 асистенции.
Кај Никси најефикасен беше Рејмонд Фелтон со 18 поени и 5 асистенции. Иако Кармело Ентони постигна 20 поени, проблем за него беа фаулите кои ги лимитираа неговите минути и целовкупниот настап.
Со оваа победа, Гризлис се подобруваат на рекорд од 7-1 и се качуваат на првото место на западна конфренеција. Покрај тоа, тие забележуваат 5 последователни домашни победи (најдобар старт на сезоната на домашен терен во историјата на оваа франшиза), а исто така на Њу Јорк Никс им го нанесуваат првиот пораз во новата сезона.
Николас Батум го одигра убедливо најдобриот натпревар во неговата кариера со 35 поени, 6 скока, 4 асистенции, 5 блока и 5 тројки. Тој беше најзаслужен за победата на Блејзерс, но прашњето е каде ќе беа домаќините синоќа без херојштините на дебитантот Дејмиан Лилард. Лилард продолжи да импресионира и синоќа постигна 27 поени, 5 скока и асистенции, но неможе да се изброе колку клучни поени постигна младиот Лилард, кога беше најпотребно за Портланд. Неможеме да заборавиме и на ЛаМаркус Олдриџ, кој исто така беше супериорен со 29 поени и 6 скока.
“Погодив еден шут, два шута три шута, и почнав да чувствувам дека се што ќе шутнам ќе влезе низ обрачот. Па тогаш само продолжив да шутирам.“ - изјави Николас Батум.
Кај Хјустон Рокетс најдобар беше Џејмс Харден со 29 поени, 6 скока и 6 асистенции, Чендлер Персонс заврши со 19 поени и 11 скока, а одличен беше и Омер Ашик со 16 поени и 16 скока. Сепак, тоа што ги повреди Рокетс беше шестиот фаул на Ашик со минута и пол до крајот на мечот, кој мораше да го напушти натпреварот.
Ова е прв пат по 14. Ноември 1997 година, да 3 играчи на Портланд постигнат барем 27 поени.
Останатите натпревари:
Филаделфија Севенти Сиксерс 99 - 93 Јута Џез
Индијана Пејсерс 103 - 83 Далас Маверикс
Детроит Пистонс 106 - 110 Орландо Меџик
Њу Орлеанс Хорнетс 95 - 110 Оклахома Сити Тандер
Минесота Тимбервoлвс 98 - 106 Голден Стејт Вориорс
Сакраменто Кингс 96 - 112 Атланта Хокс
ЛА Лејкерс 114 - 102 Феникс Санс
0 comments:
Post a Comment